Контакт

Македонија

Балканот се гуши во корупција

Објавено пред

Балканот се гуши во корупција, a Македонија и Бугарија како земји излезени од поранешниот социјализам се соочуваат со слични проблеми во борбата со корупцијата, е заклучокот од презентацијата на извештајот „Злосторство без казна“ за корупцијата во Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Балканот се гуши во корупција, a Македонија и Бугарија како земји  излезени од поранешниот социјализам се соочуваат со слични проблеми во борбата со корупцијата. Ова е заклучокот од презентацијата на извештајот „Злосторство без казна“ за корупцијата во Бугарија.

По 2007 година, кога Бугарија влезе во Европската Унија се забележаа некои позитивни трендови во борбата против корупцијата, но се појавуваат други видови на корупција, политичката корупција и навлегувањето на корупцијата во невладиниот сектор.

Претставници на Бугарија денеска го презентираат извештајот кој претставува анализа на состојбите со корупцијата во Бугарија. Тие објаснуваат дека по влезот на Бугарија во ЕУ, Владата станала главен актер во дистрибуцијата на средства од Европската унија.

Ова претставувало директен начин да се злоупотребат средствата во приватни цели, за политички партии, што води кон криминализација на државата и ставање во едно на државата и организираниот криминал.

Невладините организации, чиј број во периодот од 2000 – 2007 година се зголемил за пет пати, а голем број од нив биле основани од високи државни функционери.

Сега се поставува прашање дали ваквата практика ќе се повтори и во Македонија?

„Откако се појави оваа голема сила да дистрибуира средства, некои од институциите беа доведени во искушение да ги искористат, злоупотребат овие средства. Не сакам да кажам дека Македонија ќе ја повтори оваа негативна појава, но сакаме да ви укажеме на тоа што може да се случи ако Владата, граѓанското општество, не обрнат доволно внимание на сите можни ризици и да создадат јаки контролни механизми“ изјави директорот на правната програма во Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, Мариа Јорданова.

Според претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами, главни предуслови за успешна борба против корупцијата се солидната нормативна и институционална рамка, но и политичка волја.

„Доколку нема политичка волја во една држава  односно политичка волја од страна на оние кои се носители на властите во државата, било на централно или локално ниво, попусто говориме за коруцијата, бидејќи сите напори што  се прават во борбата против корупцијата се само декларативни. Политичката волја кај нас е многу варијабилна, почнува од помпезниот акции, кампањска борба против корупцијата па се до моменти на реална политичка волја. Но сакам да укажам дека политичката волја треба да има права линија. Борбата против корупцијата да биде постојана не само со помпезни најави, туку реална политичка волја, која реално ќе ја помогне борбата против корупцијата“ рече Селами.

Тој ги повика државниот завод за ревизија, јавниот обвинител и сите институции, како и граѓанското општество за поефикасна борба против корупцијата. Селами порача дека самостојната борба на  Државната комисија за спречување на корупција, воопшто не е можна. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Објавено пред

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.

Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Објавено пред

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.

dobivaj vesti na viber

Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.

Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.

Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.

И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.

„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.

Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Објавено пред

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

dobivaj vesti na viber

Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.

Соработуваше со големи музички ѕвезди  како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.

Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија23 минути

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија51 минута

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија60 минути

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија13 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија17 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...