Македонија
119 нови случаи на Ковид-19, меѓу тројцата починати и 49-годишно лице од Битола
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод по 2 и по еден заразен во Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 3 починати лица од Скопје (71), Струмица (82) и Битола (49 години). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани сe и 257 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево по 4, Кочани, Виница и Пробиштип по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово по 2 и по еден оздравен од Струга, Кичево и Неготино.
Направените 2.324 тестови се преку: ИЈЗ-43, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Куманово-4, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-87, Биотек-109, Систина-89, Никоб лаб-286, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.457.
Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 98122, Активни 2409
Куманово 13107, Активни 105
Тетово 11415, Активни 76
Прилеп 10742, Активни 334
Битола 9181, Активни 326
Гостивар 8081, Активни 18
Велес 7485, Активни 129
Кавадарци 7379, Активни 175
Охрид 6773, Активни 232
Штип 6740, Активни 83
Струмица 6273, Активни 129
Кичево 4308, Активни 65
Кочани 4096, Активни 43
Струга 3928, Активни 23
Гевгелија 2911, Активни 81
Неготино 2627, Активни 28
Свети Николе 2153, Активни 30
Крива Паланка 1953, Активни 40
Ресен 1860, Активни 89
Радовиш 1809, Активни 42
Берово 1477, Активни 9
Делчево 1463, Активни 27
Дебар 1457, Активни 1
Виница 1179, Активни 13
Пробиштип 1142, Активни 12
Валандово 1031, Активни 56
Кратово 789, Активни 7
Богданци 680, Активни 29
Демир Хисар 642, Активни 30
Крушево 606, Активни 12
Македонски Брод 527, Активни 18
Демир Капија 434, Активни 6
Македонска Каменица 429, Активни 11
Пехчево 357, Активни 1
Дојран 174, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.