Македонија
12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1 лице.
Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73 г, 72 г, 67 г, 61 г, 49, 46 г), 2 починати лица од Кочани (66 г, 63 г), по едно починато лице од Прилеп (80 г), Охрид (77 г), Куманово (77 г) и Велес (48 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 1.9.2021 до 8.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Направени се 3.567 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-183, Биотек-181, Систина-90, лабораторија Лаор-201, Синлаб-35, Ремедика-32, Плодност–23, Генеа-5, Никоб лаб-354, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-51, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.581.
Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 85342, Активни 3323
Куманово 11748, Активни 544
Тетово 10890, Активни 183
Прилеп 9170, Активни 183
Гостивар 7981, Активни 65
Битола 7210, Активни 197
Велес 6441, Активни 290
Кавадарци 6043, Активни 153
Охрид 6038, Активни 206
Штип 5873, Активни 195
Струмица 5817, Активни 200
Кичево 4023, Активни 131
Струга 3812, Активни 63
Кочани 3359, Активни 125
Гевгелија 2460, Активни 61
Неготино 2331, Активни 23
Свети Николе 1942, Активни 90
Радовиш 1553, Активни 57
Ресен 1546, Активни 44
Крива Паланка 1508, Активни 120
Дебар 1451, Активни 22
Берово 1214, Активни 12
Делчево 1127, Активни 41
Виница 1059, Активни 43
Пробиштип 943, Активни 37
Валандово 832, Активни 18
Кратово 610, Активни 56
Богданци 562, Активни 18
Крушево 535, Активни 12
Македонски Брод 476, Активни 12
Демир Хисар 458, Активни 30
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 323, Активни 31
Пехчево 315, Активни 2
Дојран 140, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Грковска во Вашингтон: Западен Балкан е во срцето на Европа и тоа го прави клучен за стабилноста

За Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата партнерството со САД, како и зачувувањето на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан е од врвен приоритет. Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното обраќање во Вашингтон, на панелот „Како да се спротивставиме на руското и кинеското влијание на Западен Балкан“, во организација на меѓународната независна Трансатлантската мрежа на лидери, со што и ја заврши работната недела во САД.
Таа нагласи дека е неопходна силна определба и упорност, независно од тоа што и Северна Македонија, како и останатите земји од регионот е изложена на руско влијание.
„Не смееме да дозволиме политички предизвици да станат безбедносни проблеми“ порача вицепремиерката Грковска, и дополни дека со се подолгото одложување на отпочнувањето на пристапните преговори граѓаните губат доверба во политиките кои се во насока на исполнување на нашата најважна стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ. Следствено, со тоа и расте влијанието од Русија и Кина како резултат на зголемената недоверба на граѓаните.
За да се намали и спречи ваквото влијание, додаде вицепремиерката Грковска, важно е државите да ги негуваат демократските вредности, да го промовираат и унапредуваат владеењето на правото, еднаквоста пред законите, како и доследно да ги имплементираат принципите на доброто владеење. За крај, вицепремиерката порача дека силна економија во ЕУ значи стабилен регион. А тоа не можеме да го постигнеме без поддршката од САД.
Македонија
Алијанса за Албанците ги осуди говорот на омраза и инцидентите во Скопје од „Комитите“ и навредите од Бугарите

Алијанса за Албанците го осудува говорот на омраза и инцидентите предизвикани во центарот на Скопје од страна на „Комитите“, како и навредите од некои бугарски државјани упатени кон припадниците на македонската полиција на граничниот премин Деве Баир.
„ Ваквата ескалација не придонесува за релаксација на односите меѓу двете земји и европската интеграција на Македонија. Ваквите антиевропски сцени се срамни и од нив треба да се дистанцира политиката во Скопје и Софија.
Алијанса за Албанците апелира на итно смирување и умерено дејствување. Страните треба да ги решаваат недоразбирањата меѓу министерствата за надворешни работи, во европски дух и фокусирајќи се на спроведувањето на договорот за пријателство меѓу двете земји“ велат од партијата.
Македонија
(Видео) Димитриевски за БНТ: Гоце Делчев е симболот на македонизмот, политичари од Бугарија доаѓаа во Македонија и нѐ навредуваа

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија рече дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европејски.
„ Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.
Тој потсети дека во Македонија доаѓаа политичари од Бугарија и навредуваа, кажувајќи дека Македонија е Бугарија, од Охридско езеро до Црно море, дека Охрид е најубавиот град во Бугарија итн.
„ Замислете ја реакцијата на македонската јавност. Зошто дојде до ова? Во континуитет македонскиот народ, македонската државност се навредува. Да се вратиме на минатото на кое ќе базираме и иднина, ќе го почитуваме минатото. Јас бев првиот политичар во Македонија којшто одбележа заеднички датум од историјата, позитивната историја на македонскиот и бугарскиот народ, борбата на Страцин, првата година Иван Сечанов дојде претседателот на здружението на воените ветерани на Бугарија ја кажа целата вистина, дека Бугарија била фашистичка во Втората светска војна, дека таа војна е водена таму заедно со македонските партизани“, посочи Димитриевски.