Македонија
12 починати лица, регистрирани нови 185 позитивни случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 99, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2, Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од: Скопје – 153, Охрид – 98, Струга – 73, Куманово – 28, Кочани – 19, Велес и Штип – по 18, Тетово – 17, Кичево – 14, Кавадарци – 13, Битола – 12, Струмица – 10, Свети Николе – 7, Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5, Пробиштип, Берово и Валандово – по 4, Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3, Неготино, Ресен, Дебар и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (53, 75, 79, 79 и 79), по едно починато лице од Куманово (73), Кочани (90), Велес (83), Прилеп (70), Свети Николе (63), Охрид (78) и Крива Паланка (79). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.9.2021 до 3.10.2021 година. Починатите се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Направени се 1.876 теста преку: ИЈЗ – 378, ЦЈЗ Скопје – 22, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 6, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 136, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 66, „Авицена“ – 60, „Биотек“ – 104, „Систина“ – 59, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 248, „ВФВ медикал“ – 7, „Ели медика“ – 18, „Ројал медика – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 772.
Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 83.902, Активни 5.496
Куманово 11.506, Активни 995
Тетово 10.828, Активни 892
Прилеп 9.085, Активни 309
Гостивар 7.959, Активни 450
Битола 7.113, Активни 254
Велес 6.280, Активни 347
Охрид 5.983, Активни 486
Кавадарци 5.960, Активни 230
Штип 5.764, Активни 225
Струмица 5.749, Активни 267
Кичево 3.984, Активни 395
Струга 3.795, Активни 312
Кочани 3.292, Активни 159
Гевгелија 2.423, Активни 86
Неготино 2.319, Активни 36
Свети Николе 1.911, Активни 111
Ресен 1.537, Активни 80
Радовиш 1.526, Активни 87
Дебар 1.449, Активни 106
Крива Паланка 1.441, Активни 89
Берово 1.209, Активни 17
Делчево 1.124, Активни 68
Виница 1.037, Активни 50
Пробиштип 918, Активни 32
Валандово 819, Активни 20
Кратово 578, Активни 59
Богданци 552, Активни 18
Крушево 529, Активни 22
Македонски Брод 472, Активни 29
Демир Хисар 445, Активни 30
Демир Капија 411, Активни 5
Пехчево 313, Активни 3
Македонска Каменица 301, Активни 21
Дојран 140, Активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.