Македонија
13 починати лица, регистрирани 656 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 3.597 тестирања, а регистрирани се 656 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 257, Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8, Струга – 6, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3 лица.
Регистрирани сe 273 оздравени пациент од: Скопје – 153, Куманово – 20, Кочани – 16, Прилеп – 14, Кавадараци – 12, Велес – 10, Битола, Штип и Крива Паланка – по 6, Тетово и Неготино – по 4, Делчево – 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67 г, 76 г, 80 г и 86 г), 2 починати лица од Куманово (65 г и 70 г) и по едно починато лице од Гевгелија (71 г), Кавадарци (84 г), Охрид (76 г), Прилеп (71 г), Радовиш (70 г), Свети Николе (83 г) и Штип (74 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.
Направени се 3.597 тест преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-52,
ЦЈЗ Тетово–86, ЦЈЗ Куманово-54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–337, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-124, Биотек-166, Систина-64, лабораторија Лаор-110, Синлаб-15, Ремедика-26, Плодност–45, Генеа-7, Никоб лаб-250, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-46, Ројал Медика –18, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.510.
Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 90752, активни 3822
Куманово 12565, активни 410
Тетово 11175, активни 218
Прилеп 9755, активни 395
Гостивар 8029, активни 38
Битола 7907, активни 580
Велес 7015, активни 369
Кавадарци 6556, активни 351
Штип 6364, активни 261
Охрид 6245, активни 214
Струмица 5956, активни 106
Кичево 4172, активни 117
Струга 3865, активни 54
Кочани 3749, активни 232
Гевгелија 2650, активни 135
Неготино 2470, активни 96
Свети Николе 2059, активни 89
Крива Паланка 1766, активни 177
Радовиш 1654, активни 74
Ресен 1631, активни 72
Дебар 1453, активни 3
Берово 1304, активни 59
Делчево 1249, активни 106
Виница 1112, активни 38
Пробиштип 1081, активни 76
Валандово 871, активни 22
Кратово 698, активни 59
Богданци 607, активни 28
Крушево 568, активни 28
Демир Хисар 535, активни 67
Македонски Брод 482, активни 7
Демир Капија 413, активни 4
Македонска Каменица 381, активни 52
Пехчево 325, активни 3
Дојран 152, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот
Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Како што појасни, на едното бил изгубен печатот. На останатите две, биле направени обиди да се замени уредот за биометриска верификација, пришто гласањето во едниот случај продолжило па прекинало, а во вториот не продолжило.
„Тоа се трите места за коишто имаме добиено писмено известување. Ќе видиме вечер за што точно се работи и ќе одлучиме“, рече Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од ДИК појаснуваат дека се работи за прекин за повеќе од три часа, додека онаму каде што имало помали прекини, гласањето ќе се продолжи за онолку време колку што било прекинато.
На сите останати гласачки места, гласањето тече нормално и мирно, додаваат.
Пред полноќ се очекува да бидат обработени над 50 отсто од гласовите и ДИК да ги објави првичните неофицијани резултати.
Во однос на информациите за починати луѓе на избирачкиот список од ДИК обазложија дека оние коишто ќе починат 30 дена пред гласњето ги има на избирачкиот список, бидејќи тој е веќе заклучен. Велат дека списокот се ажурира неколкупати годишно во координација со Управа за водење на матични книги.
Македонија
Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори
До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.
Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.
Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.
Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
Македонија
Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати
Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки ливчиња додека го остварувале своето право на глас, објави МВР.
-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во извештајот на МВР.