Македонија
133 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид по 3, Кавадарци, Струмица и Берово по 2 и по еден заразен од Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово.
Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавен еден смртен случај во Струга, на лице на 73 години, починато во болнички услови, а пријавен на 8. април.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово по 6, Прилеп и Охрид по 4, Тетово и Ресен по 3, Кичево и Свети Николе по 2 и по еден оздравен од Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово.
Направените 1.833 тестови се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-37, Лабораторија болница Козле-13, Институт за микробиологија–86, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-35, Биотек-96, Систина-44, лабораторија Лаор-60, Синлаб-4, Ремедика-14, Плодност-11, Генеа-16, Никоб Лаб-115, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 883.
Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 145105, Активни 444
Куманово 16611, Активни 7
Битола 15147, Активни 122
Прилеп 14112, Активни 34
Тетово 13445, Активни 13
Кавадарци 10604, Активни 24
Велес 9742, Активни 29
Гостивар 9570, Активни 18
Охрид 8815, Активни 20
Струмица 8044, Активни 20
Штип 8001, Активни 16
Кичево 5599, Активни 6
Кочани 5070, Активни 3
Струга 4711, Активни 7
Гевгелија 4396, Активни 6
Неготино 3673, Активни 6
Ресен 2710, Активни 3
Свети Николе 2623, Активни 0
Радовиш 2527, Активни 7
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1970, Активни 4
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1642, Активни 4
Валандово 1481, Активни 1
Виница 1386, Активни 2
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 928, Активни 2
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 0
Македонска Каменица 522, Активни 0
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Преговори МОН – СОНК: прифатени се сите препораки на посредникот во процесот на преговори меѓу двете страни

Прифатени се сите препораки на посредникот, кој во согласност со позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура.
Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и во средните училишта за 15 % почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога, поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализира настава.
МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование, кои одат во прилог на унапредување на општествената и економската положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување низа други заеднички активности за унапредување на воспитно-образовниот процес во училиштата.
Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот, кој се вклучи во преговарачкиот процес, и тоа е нотирано во записникот што е потпишан од учесниците на последниот состанок, со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.
Македонија
Средба на собраниска делегација предводена од Џафери со специјалниот пратеник на германската влада, Сарацин

Во попладневната сесија политички разговори во рамките на студиската посета на Бундестагот делегацијата на Собранието имаше средба со специјалниот пратеник на владата на Федерална Република Германија, Мануел Сарацин.
Сарацин истакна дека како поранешен пратеник и член на групата за соработка со парламентите од Југоисточна Европа и тековно како специјален пратеник за Западен Балкан неколкупати го посетил регионот и многу добро е запознаен со јавните политики и политичките настани во Северна Македонија. Ја истакна силната поддршка на Германија во процесот на евроинтеграциите.
Тој нагласи дека процесот на отворање и затворање поглавја за членство во Унијата е комплициран и тежок и дека од особена важност е навреме да се спроведат реформите во конкретни сфери за да се олесни целокупниот процес, од една страна, но и како придобивка за граѓаните на државата.
Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и недвосмислена поддршка од Германија, која е докажана и преку фактот што според индикаторите на трговска размена Германија е на прво место. Во однос на реформите што се имплементирани во државата и нивната успешност – позитивните извештаи од 2019 година се позитивни и тоа е знак дека сме на добар пат. Во однос на геополитичката состојба и агресијата на Руската Федерација во Украина, претседателот Џафери го истакна усвојувањето на декларацијата, со која како држава ги осудуваме агресијата и воените дејства во Украина, како и приклучувањето кон санкциите против Русија, целосното усогласување со позициите на Унијата иако не сме нејзина членка. Во овој контекст од ЕУ не очекуваме субвенции, туку да рефлектира во согласност со развојот на настаните на европскиот континент.
Соговорниците се согласија дека во моментот е неопходно да се најде заедничка основа во преговорите со Бугарија и да се преземат чекори што нема да имаат цел да ја изменат или поправат историјата затоа што таа е токму тоа – историја, минато, а во моментот потребно е да се гледа и да се работи на иднината.
Македонија
Ковачевски – Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со јапонскиот амбасадор во земјата, Хиронори Савада.
На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави и определеноста од двете страни за развој на соработката. Посочено е дека предвидената скорешна посета на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Јапонија е потврда за блиската билатерална соработка меѓу државите.
Заеднички е оценето дека постојат потенцијали за унапредување на економската соработка. Во таа насока пренесена е заинтересираност од јапонски компании за инвестирање во земјата.
Истакната е и силна поддршка од Јапонија за напредокот на нашата држава во европските интеграции бидејки, како што е оценето, од важност за сите, и за Северна Македонија, но и за Европската Унија и за светот, е обединета Европа, со интегриран Западен Балкан во Унијата.
Исто така, заеднички е констатирана важноста на политичката стабилност во државава, со цел задржување на економската и на социјалната стабилност во полза на граѓаните.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за искреното пријателство со Јапонија и за значајната поддршка што ја добива земјата од Јапонија како еден од најголемите билатерални донатори. Тој ја поздрави иницијативата на Јапонија за соработка со Западен Балкан од 2018 година и упати покана до компаниите во Јапонија за посета на државата.
„Економијата е стабилна и денарот е стабилен. Носиме одлуки за доброто на граѓаните и нема да дозволиме какви било несериозни притисоци за политички интереси да наштетат. За таа цел, ја развиваме и регионалната соработка преку иницијативата ‘Отворен Балкан’. Во однос на отворањето преговори, Република Северна Македонија го прави потребното, работиме напорно за напредок на државата и поставени сме принципиелно во развојот на добрососедските односи“, рече премиерот Ковачевски.