Македонија
14 починати и 326 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Битола – 19, Охрид – 10, Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес – по 8, Штип – 6, Гевгелија – 5, Демир Хисар – 4, Струмица, Кочани и Делчево – по 3, Крива Паланка и Ресен – по 2, Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.
Направени се 2.562 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-115, Биотек-135, Систина-65, лабораторија Лаор-98, Синлаб-23, Ремедика-22, Плодност–31, Генеа-5, Никоб лаб-209, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-49, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 929.
Досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 96457, Активни 2647
Куманово 13028, Активни 158
Тетово 11383, Активни 88
Прилеп 10527, Активни 363
Битола 9008, Активни 447
Гостивар 8080, Активни 20
Велес 7417, Активни 173
Кавадарци 7227, Активни 264
Штип 6670, Активни 102
Охрид 6627, Активни 215
Струмица 6200, Активни 120
Кичево 4266, Активни 65
Кочани 4070, Активни 93
Струга 3916, Активни 27
Гевгелија 2851, Активни 81
Неготино 2605, Активни 54
Свети Николе 2141, Активни 45
Крива Паланка 1928, Активни 58
Ресен 1780, Активни 54
Радовиш 1780, Активни 63
Берово 1472, Активни 37
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1441, Активни 78
Виница 1165, Активни 12
Пробиштип 1131, Активни 21
Валандово 986, Активни 50
Кратово 783, Активни 19
Богданци 661, Активни 30
Демир Хисар 625, Активни 37
Крушево 598, Активни 23
Македонски Брод 513, Активни 16
Демир Капија 426, Активни 1
Македонска Каменица 424, Активни 25
Пехчево 355, Активни 6
Дојран 172, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: „Ќе го пречекаме како победник на правдата кога ќе се врати“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за, како што вели, да им даде срце и сила на неговите родители и роднини во битката за правдата.
„Нивниот син со пријателите го брани достоинството на ОВК. Правдата одложува, но не заборава. Гордо ќе го пречекаме Тачи со пријателите кога ќе се врати како победник на правдата“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.
Хашим Тачи се изјасни за невин на судењето за воени злосторства на Косово, заедно со тројцата други членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на судскиот процес што пред неколку месеци почна во Хаг по речиси тригодишна истрага и повеќе од 20 години од војната.
Тачи се соочува со 10 обвиненија за апсење, убивање и мачење на оние кои се сметале за непријатели, вклучително и Албанци, Срби и Роми, додека се обидувале да ја преземат власта за време на ослободителната војна во 1998-99 година.
Македонија
Димитров: Северна Македонија да го сфати важното место на историската комисија за пристапувањето во ЕУ

Република Северна Македонија треба да го сфати важното место што го има работата на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија во процесот на пристапување на земјата во Европската унија. Ова за бугарската агенција БГНЕС го изјави професорот Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања.
Во изјавата тој оцени дека на досегашните бројни состаноци не се постигнати резултати.
Темата на која најдолго се задржале било изнајдувањето на заедничка позиција за претставувањето на Охридската архиепископија, но како што кажа Ангелов, за жал не успеале да се договорат, пренесе БГНЕС.
Македонија
Ковачевски се сретна со американската амбасадорка: Важно е сите политички партии да го поддржат европскиот пат

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.
Kaко што соопштија од Владата, на состанокот станало збор за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите.
Реафирмирана е јасната порака на Соединетите Американски Држави, дека земјава по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што, нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД.
Нагласено е дека Северна Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и е посочено на важноста – сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата.
Притоа, изразено е очекувањето дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието.
На средбата со американската амбасадорка Агелер, како и при средбата на премиерот Ковачевски со сенаторот Крис Марфи во Скопје и на средбите со високите американски претставници Блинкен и Ескобар во САД, е потврдено искреното долгогодишно пријателство и успешното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, кое што се развива на принципите на доверба и разбирање.
„Како Влада, ја почитуваме добронамерноста на нашиот голем и стратешки партнер САД, како и на другите пријателски држави, членки на НАТО и ЕУ коишто нè поддржуваат во следниот исчекор во евроинтеграциите, којшто има одредувачка насока кон полноправното членство на нашата држава во ЕУ. Реално е очекувањето тоа да се случи до 2030 година и подготвени сме со уште посилен интензитет да работиме на потребните реформски процеси. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите, во родната земја“, рече премиерот Ковачевски, на средбата со амбасадорката Агелер.