Контакт

Бегството на Груевски

14 граѓански организации бараат одговорност од институциите за бегството на Груевски

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет и уште 13 граѓански организации денеска најостро ја осудија неажурноста на институциите во спроведувањето на истрагите поврзани со утврдување на пропустите и одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Тие бараат истрагите итно да завршат и тоа во рок од 10 дена и да се утврди одговорност за пропустите, евентуалното непостапување или соучество.

dobivaj vesti na viber

„Во спротивно, ќе бараме политичка одговорност на највисоките функционери. Апелираме да не се подрива ЕУ-перспективата на Македонија, која зависи од владеењето на правото. Потсетуваме дека избегнувањето на правдата ја урнисува надежта на граѓаните во демократијата за која народот се бореше со години.

Поминаа повеќе од две седмици од објавувањето на нашата прва реакција во која побаравме итно поведување истраги, како и утврдување на фактичката состојба и пропустите што доведоа до тоа Никола Груевски, најпознатиот осуденик на Балканот, да стане најпознат бегалец во регионот гладен за правда. Непреземањето никаква одговорност и покрај индициите за сериозни пропусти и непочитување на одредбите од Законот за извршување на санкциите и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи, ги зголемува сомнежите дека не постои волја за утврдување на вистината. Со тоа повторно влегуваме во волшебниот круг на одржување на културата на неказнивост“, се вели во реакцијата.

Бидејќи речиси три седмици по бегството не е утврдена одговорност, 14 граѓански организации (Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“, „Евротинк“, Центарот за економски анализи, „Mетаморфозис“, Македонското здружение на млади правници, „Мост“, коалицијата „Сите за правично судење“, коалицијата „Маргини“, Институтот за европска политика, Институтот за човекови права, НВО Инфоцентар, Младинскиот образовен форум) бараат во наредните 10 дена, односно со истекувањето еден месец од настанот, да бидат дадени одговори за случувањата поврзани со бегството на осуденикот Никола Груевски.

Нивните конкретни барања и апели се:
1. Истрагите што недозволиво се одолжуваат предизвикувајќи зголемена недоверба на граѓаните во системот е потребно итно да завршат. Натаму, мора да се поведат постапки за утврдување одговорност и санкционирање на лицата чии пропусти, евентуално непостапување или соучество го овозможиле бегството! Доколку правната одговорност изостане, тогаш дополнително би се зајакнала културата на неказнивост, што во следната фаза би повлекло и наши барања за политичка одговорност на највисоките функционери што ги предводат институциите чии пропусти го овозможиле бегството.
2. Со пропустите, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Јавното обвинителство и другите институции директно ги подриваат перспективите на Република Македонија за добивање датум за преговори со Европската Унија во јуни 2019 година. Заклучоците од јуни годинава недвосмислено укажуваат дека владеењето на правото и спроведувањето на правдата се услов за добивање датум за почеток на преговори. Со оваа постапка членките на ЕУ, кои се колебаат за проширувањето, добиваат нови противаргументи за случајот на Македонија.
3. Избегнувањето на правдата од страна на криминалците ја урнисува надежта на граѓаните, кои се гладни за правда и одговорност. Тоа го зголемува цинизмот и претставува најголем пораз за возобновениот демократски ентузијазам, кој доведе до демократски промени во Македонија. Нема функционална демократија без надеж за промени. Цинизмот создава плодна почва за појава на демагогија, десничарски популизам и недоверба во демократијата. Влогот во оваа работа затоа е многу поголем од судбината на еден осуден криминалец од висок ранг.

„Покрај конкретното посочување на евидентните пропусти, резултатите од истрагата што МВР ја почна и ја водеше остануваат тајна запечатена со отворањето на предистражна постапка од страна на ОЈО за организиран криминал и корупција. Меѓутоа, евентуалната кривична одговорност во никој случај не ги ослободува вмешаните во оваа атака врз правната држава од нивната морална, професионална и политичка одговорност! За време на постапките против Никола Груевски не беше определена мерка притвор, туку полесна мерка – одземање патна исправа со обврска да се јавува во судот. Во оваа смисла одговорноста за бегството на поранешниот премиер може да се лоцира во Јавното обвинителство и во судот од причина што не барале или определиле притвор (мерката се изрекува само по предлог на ЈО) и ова може да биде предмет на критика и одговорност доколку се покаже дека тие имале сериозни и поткрепени информации дека тој ќе избега. Покрај тоа што домашното и меѓународното право врз притворот гледаат само како на крајна мерка, со обврска обвинетиот да го остават на слобода во согласност со правното начело in dubio pro reo (in dubio pro libertate), улогата и значењето на Никола Груевски и целата правна и политичка состојба во државата, несомнено укажуваа на постоење на ризикот од евентуално бегство. Ова особено што бегството било добро подготвено и според сите информации со учество на странски тајни служби. Во оваа насока и навремените информации за кои се дозна во јавноста за подигањето од банка поголеми износи пари во готово и слично.

Со оглед на сето ова, УБК, т.н. Петта управа морала да го следи и да има сознанија и информации за неговото движење, планови и контакти и согласно истите да подготви соодветни планови за проценка на безбедносните ризици и да биде во постојана комуникација со Судот и Обвинителството. Дополнително полициските службеници во вршењето на работните задачи во врска со обезбедувањето на државната граница и контролата на преминување на државната граница преземаат мерки и собираат известувања и податоци заради заштита на неповредливоста на државната граница, спречување и откривање на кривични дела и прекршоци и откривање и фаќање на нивни сторители, како и незаконско преминување на државната граница. Како што е познато, граничните премини биле благовремено информирани дека за лицето Никола Груевски се водат постапки и дека се изречени мерки на претпазливост според кои тој не може да ја напушти државата.

Со оглед на тоа дека сè уште не е утврдена фактичката состојба за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, неопходни се итни и темелни истраги во кои ќе биде утврдена одговорноста за пропустите во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје, на Министерството за внатрешни работи, како и на Агенцијата за разузнавање, од аспект на тоа дали се постапувало во согласност со планот за обезбедување на Никола Груевски и дали се постапувало во согласност со тој план и во согласност со процената за ризик.

Напомената од првата реакција дека ова е четврто лице осудено во високопрофилираните кривични постапки, кое поради неажурност и некоординираност на судските власти и органите на прогон, успеало да избега од државата, го потврдува постоењето сериозен системски проблем. Избегнувањето на издржувањето на казната затвор определена со правосилна и извршна пресуда од повеќе лица укажува на итната потреба од преиспитување на функционалноста на органите на прогон, граничните служби и судските власти. Сметаме дека само со ваков сериозен пристап за утврдување на вистината ќе може целосно и финално да се спроведе правдата што граѓаните долго ја очекуваат, а на која ние како граѓански организации инсистираме“, се вели во дописот.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија29 минути

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија29 минути

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија29 минути

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија1 час

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија2 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија3 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија5 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија7 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија7 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија7 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија9 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија9 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион9 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет10 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија11 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион11 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет11 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ11 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија11 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...