Контакт

Македонија

147 санкции за брзо возење

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 31 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија

Џафери: Јас нема да се спуштам на ниво на Мицкоски и да навредувам на лична основа

Објавено пред

Собранискиот спикер Талат Џафери од собраниската говорница им образложи на пратениците зошто смета дека и понатаму треба да ја врши својата функција откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација против него.

dobivaj vesti na viber

„ Извини брат, јас сум бил примитивецот, јас ќе ги поднесам сите епитети, но ќе продолжам да ја вршам работата совесно по закон и процедура. Нема интерпелација на пратеник, тоа е злоупотреба. Треба да оставиш една врата, како што сум оставил многу врати отворени. Ако некој ве бранел од сите оние напливи, тоа сум јас. Се сеќавате за обвинувањата за патни трошоци? Претседателот ви беше заштитата. Да си се погледнат во огледало оние што обвинуваат. Многу епитети ми беа доделени приватно во последните 30 дена. Разбирам дека јавноста очекува детали, но нема да зборувам. Јас нема да се спуштам на ниво на Христијан Мицкоски и да навредувам на лична основа затоа што него му овозможив да седи во пленарната сала, што порано беше незамисливо“ рече Џафери.

Во однос на интерпелациите Џафери им посочи на пратениците дека има стенограми и има записници од координациите што и како е барано. Во однос на законитоста на неговата работа, Државниот завод за ревизија извршил ревизија на негово барање и во неговиот извештај немало ниту една забелешка во однос на законитоста и буџетирањето.

„ Ревизорот укажа дека методологијата на исплата на плати не е соодветна на законските одредби и јас ви реков „колеги дајте да донесеме закон со кој ќе ја разрешиме дилемата на заводот за ревизија“. Вие велите „ не, што ќе ни кажат гласачите“. Епа тука се доаѓа за носење одлуки. Ви реков јас ќе потпишам за вас. Ќе ме караа во јавноста, но со тој закон ќе спречевме штрајкови по улиците – додаде претседателот на Собранието.

Орце Костов

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицевски: Во последните пет години Собранието е машина за гласање на криминалните зделки на СДСМ и ДУИ

Објавено пред

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница обракајќи му се на Талат Џафери кажа дека во последните 5 години Собранието е претворено во машина за гласање на криминалните зделки на Владата, и дека сето тоа е одобрено од Џафери.

dobivaj vesti na viber

„ Поминуваат закони во скратени постапки, се повикувате на европски знаменца, дозволувате да поминат одредени работи. По архивите во Собранието се уште стојат незатворени интерпелации за министри од предходниот мандат кои во меѓувреме смениле по 9 советнички места во Владата, а во Собранието се уште не се разгледани. Тоа што донесовме закон за службеници не ви дава право да се однесувате на начин како што се однесувавте таа вечер. Ние имаме дисциплински одредби, Собранието има можност тие луѓе да ги санкционира, меѓутоа таквиот начин на однесување ненаиде на извинување од ваша страна, туку повторно беа обвинети сите само тие кои што ја имаат одворноста, не одговараа за тоа. Затоа велам дека не може ако се направени прекршоци да нема извинување, истакна Мицевски, упатувајќи критики кон Џафери.

Со овие активности што ги превземате, а тоа спречување на опозицијата во дискусии и контрола, со злоупотребата на европското знаменце како вчера и завчера, со злоупотребата на скратените постапки, со злоупотребата на принципите на деловникот вие имате сторено огромна повреда на работењето на Собранието , од таа причина е поднесена интерпелацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем

Објавено пред

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем.

dobivaj vesti na viber

„ Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како даматлов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките коишто се во тек или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог“ изјави Тупанчески.

Според министерот инсуфициентноста на судиите и јавните обвинители е комплексна проблематика и затоа во опција имало три решенија.

Едниот предлог за решавање на актуелниот проблем бил да се даде можност на лица коишто имаат одредено искуство во сферата на правосудството како што се адвокати, стручни соработници со пократка обука да бидат дел или да бидат решение од овој проблем. Втората опција била да се зголеми бројот на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, како некој вид на бајпасирање на актуелната состојба и третата опција е со измени на Законот за работни односи да се продолжи за три години работниот век на судиите и јавните обвинители.

За првпат во историјата на државата се случува во еден ваков момент волку голем број на судии и јавни обвинители да одат во пензија, рече Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Регионалниот форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Џафери: Јас нема да се спуштам на ниво на Мицкоски и да навредувам на лична основа

Собранискиот спикер Талат Џафери од собраниската говорница им образложи на пратениците зошто смета дека и понатаму треба да ја врши...

Македонија16 минути

Мицевски: Во последните пет години Собранието е машина за гласање на криминалните зделки на СДСМ и ДУИ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница обракајќи му се на Талат Џафери кажа дека...

Македонија60 минути

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот...

Свет1 час

Русите: Се повлековме од Змискиот Остров како знак на добра волја

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија денеска се повлекла од Змискиот Остров во Црното Море. „По завршените задачи,...

Економија2 часа

Владата: Со новото праведно тарифирање оние што трошат помалку плаќаат помалку струја

Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1...

Свет2 часа

Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

Брод со 7.000 тони жито исплови од украинското пристаниште во Берџанск, моментно контролирано од руските сили. „По неколку месеци неактивност,...

Свет3 часа

Русите го зазедоа Лисичанск, на украинските сили им е наредено да се повлечат

Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека украинските сили продолжуваат да ја држат својата позиција во источниот град...

Свет3 часа

Нехамер: Пристапувањето во НАТО не е опција

Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет на соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, како Австрија и НАТО,...

Свет5 часа

Путин: Ако НАТО распореди војска во Финска и Шведска, ќе одговориме на ист начин

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „Доколку...

Македонија5 часа

Петровска од Мадрид: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вчера,во рамките на самитот на НАТО во Мадрид, учествуваше на работната вечера на министрите за...

Македонија16 часа

Прекината седницата во Собрание за продолжување на работниот ангажман на судиите и обвинителите

Вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на...

Регион18 часа

Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто

Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на...

Регион20 часа

Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме...

Свет20 часа

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од...

Македонија21 час

Претседателот Пендаровски во Мадрид на средба со канцеларот Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба...

Економија22 часа

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија23 часа

РКЕ: Цената на електричната енергија во просек ќе се зголеми 7,4 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 % од...

Европа24 часа

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета...

Македонија24 часа

Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени...

Македонија1 ден

Има зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос...