Контакт

Македонија

15 македонски државјани на боиштата во Сирија, 83 се вратиле

Објавено пред

Седумтемина македонски државјани кои како странски терористички борци беа приведени на скопскиот аеродром одамна им биле познати на безбедносните служби. Уште во 2015 имало издадено наредба за притвор, а по петмина од нив била распишана и црвена потерница од Интерпол. Заедничко за сите седуммина е што биле ученици на истиот оџа. Неофицијално, мнозинство се од Скопје, а останатите се од Прилеп, Тетово и Гостивар. По приведувањето, полицијата експресно ги идентификувала дека токму тие се лицата кои се гонат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Македонија има капацитет да се справи со повратниците кои се враќаат од боиштата во Сирија и Ирак, а преземањето на заробените џихадисти е токму во насока на зголемување на контролата, брифираат извори од безбедносните служби.

Според нивни проценки, има уште 15-тина лица од Македонија кои сè уште се активни борци на ИСИС. Повратници има 83, а од нив на слобода се 57 лица, за кои властите уверуваат дека редовно ги следат нивните активности и според сегашните проценки нема индиции за можно терористичко загрозување на безбедноста. Вкупниот број лица од Македонија кои се појавиле на боиштата како активни борци, повратници, загинати, жени или само како обиди за заминување, изнесува 156. Меѓу нив има 9 жени, 35 се загинати, 23 се веќе во затвор, а тројца се во затвор во Турција.

Безбедносните служби смируваат дека опаѓа бројот на македонски државјани кои заминуваат да војуваат на Блискиот Исток, особено по 2014 кога со измените на Кривичниот законик може да се гонат лицата за учество во странски војски. Дополнително, од МВР информираат дека се спроведуваат програми за дерадикализација на странските терористички борци во затворите, се преземаат активности за зголемување на свесноста за ризикот и заканите од тероризмот и се зајакнуваат механизмите за превенција од радикализација на локално ниво, согласно со Националните стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Македонија

Општина Охрид апелира до граѓаните да пријават штети по невремето

Објавено пред

Од

невреме, Охрид

Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира. Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.

Од Општината велат дека по невремето што го зафати градот во текот на попладневните часови, екипи на ЈП „Охридски комуналец“ излегле на терен за да ги исчистат и санираат последиците.

Повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд до 16 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен. Невремето кое започна нешто по 14:30 часот донесе обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Метеж на „Богородица“ и „Табановце“ – се чека и по еден час

Објавено пред

Од

Зголемена фреквенција на возила попладнево има на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за излез од земјава.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин „Богородица“, каде што задржувањето е околу половина час, и на граничниот премин „Табановце“, каде што задржувањето е околу еден час.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани

Објавено пред

Од

Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани е нормализиран. Дел од патот околу два часа беше блокиран поради сообраќајна несреќа.

АМСМ информира дека сообраќајот се одвива нормално од 18:45 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

невреме, Охрид невреме, Охрид
Македонија3 часа

Општина Охрид апелира до граѓаните да пријават штети по невремето

Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување...

Топ5 часа

Загина параглајдерист во Крушево

Параглајдерист загина денеска кај Мечкин Камен во Крушево. Повеќе детали за несреќата засега не се познати. Според информациите на полицијата,...

Македонија7 часа

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија9 часа

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија11 час

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа11 час

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет13 часа

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија13 часа

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија14 часа

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Топ14 часа

Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на...

Дијаспора14 часа

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари...

Свет14 часа

Американскиот Сенат донесе резолуција: Медиумите не се непријатели на народот

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се потврдува дека медиумите не се непријатели на народот. Резолуцијата што ја предложи...

Регион15 часа

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на...

Македонија1 ден

(Видео) Шестчлено семејство моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на...

Мартин Протогер, СЈО Мартин Протогер, СЈО
Македонија1 ден

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето...

Италија, Џенова Италија, Џенова
Европа1 ден

Дваесет луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова

Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во...

Македонија1 ден

Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за...

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО
Македонија1 ден

По еден час пауза во судењето за „Титаник“ поради мајчинските обврски на Јанкулоска

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето ги извести обвинетите и нивните адвокати...

Македонија1 ден

(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира...

Топ2 дена

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково. Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски...

Досие