Македонија
20 години Скопско астрономско друштво со изложба на астрофотографии

За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво најавува изложба на астрофотографии насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“. Изложбата, поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе биде отворена во 20 часот во Домот на АРМ.
Скопското астрономско друштво ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. Покрај астрофотографијата, Скопското астрономско друштво е познато како важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно астрономијата и астрофизиката. Во изминатите две декади, одржани се бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.
Изложбата ќе биде отворена во Домот на АРМ до 16 декември. Влезот на изложбата, вклучително и на отворањето, е слободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Градежни работи на патот Велес-Градско

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни.Виадукт Трејд известува дека денес и утре (19.02.2019 и 20.02.2019) ќе се изведуваат градежни активности на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско. Сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Македонија
Почнуваат реформите во УБК – ќе се формира агенција на национална безбедност

На денешната редовна, 122. седница, Владата го разгледа и утврди новиот текст на предлог-законот за агенција за национална безбедност. Донесувањето на предлог-законот за агенција за национална безбедност ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.
Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија преку воспоставување модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.
Македонија
Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата „Силекс неметали“, Василије Авировиќ, во предметот „Труст“ на СЈО. Судија известител за предметот е Лирие Елези-Арулау.
Со оглед на фактот дека лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои се намалува казната затвор за ова кривично дело, со кое беа осудени обвинетите од четири на три години, се воведе и можноста за добивање условна казна.
Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет“, беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ, со што добил имотна корист од 17 милиони евра.
За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.
Судот одлучи да го конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра, кои треба да бидат вратени во државниот буџет.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал