Македонија
Средба на Црвенковски со генерал-мајор Дуби

Командантот на Националната гарда на Вермонт, Мајкл Дуби, изрази задоволство од учеството на македонските војници во меѓународните мисии на денешната средба со претседателот, Бранко Црвенковски
Претседателот, Бранко Црвенковски, на средбата со генерал-мајор Дуби, искажа задоволство од успешната соработка меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Македонија, на денешната средба. Според Црвенковски, соработката придонесла за подигнување на капацитетот и способноста на нашата војска. Тој иницираше и соработка во цивилниот сектор, меѓу двете земји. Генерал-мајорот, Мајкл Дуби е задоволен од долгогодишната соработка и проширувањето на повеќе сфери. Тој смета дека придонесот на македонските војници во меѓународните мисии е голем, за одржување на мирот и стабилноста во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и после 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права таа останува цврста основа за заштита на основните права и слободи на сите луѓе, особено денес кога најсериозните прекршувања на човековите права се случуваат во сенка на многу конфликти ширум светот“.
„Почитување на принципот сите човекови права секому, секогаш и секаде, е универзална вредност врз која го градиме концептот Едно општество, во кое секој поединец има можност да го реализира својот целосен потенцијал без разлика на различностите. Сите сме еднакви, да градиме култура на човекови права. Секогаш да се водиме од нашата определба за нула толеранција за дискриминацијата и кршењето на човековите права“, истакнува министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска посочува дека „македонското општество во соработка со меѓународните партнери продолжува да ги зајакнува институциите и правната рамка и е на вистинскиот пат да стане европско општество, кое ги штити и промовира универзалните вредности во сите сегменти“.
„Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата и работиме на градење општества каде што сите имаат еднакви можности, во кое човековите права се неотуѓива реалност за секого, а не само обичен стремеж“, напиша Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права.
Македонија
Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

„Во конфликтот од 2001 инициран од терористите од денешната ДУИ раселени биле над 70.000 граѓани, голем број од тие семејства се уште не добиле трајно сместување или било каква посериозна помош од страна на државата што е спротивно дури и од Охридскиот рамковен договор. Имено во Анекс Ц точка 3.1 во рамковниот договор стои дека „Сите страни ќе работат да обезбедат враќање на бегалците кои се граѓани или имаат законски престој во Македонија и на раселените лица, во нивните домови, во што е можно покус временски период“ a повеќе од две децении по потпишувањето на овој договор, сакајќи да коалицираат со поранешните УЧКи и да останат на власт за да цицаат државни пари, ниту СДС ниту ДПМНЕ немаат мрднато ниту со прст за овие лица“. Овие пораки ги испраќаат од политичката партија Левица преку писмено соопштение до медиумите.
„За да се дознае што и дали државата има нешто напраено за овие луѓе, координаторот на секторот Кристијан Димков испрати барање за информација од јавен карактер до министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците чија една од малкуте надлежности е доследно спроведување на охридскиот рамковен договор На ова барање, законски мора да има повратен одговор но очекувано, од министерството молчат. Поради тоа ќе биде поднесена жалба до агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Затоа јавно го прашуваме Artan Grubi како министер за политички систем и односи меѓу заедниците што и дали воопшто нешто има направено во однос на овој дел од охридскиот рамковен договор и јавно ги прашуваме сервилните „македонски“ политички партии ВМРО и СДС, зошто го немаат потегнато ова прашање и дали им е сеедно тоа што македонците се граѓани од втор ред во сопствената држава“, се додава во реакцијата на Левица.
Македонија
Законот за канцеларија за поврат на имот влегува во собраниска процедура

Во собраниска процедура влегува законот за канцеларија за поврат на имот, информираат од Министерството за правда.
-Со новиот закон, чиј предлагач е Министерството за правда, АРО канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Република Северна Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација без утврдување на кривична одговорност регулирана согласно закон, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон, велат од Министерството за правда.
Со неговото донесување и функционирањето на Канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди, нагласуваат, ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство.
-Со законот се уредува основањето, надлежностите, организациската структура и финансирањето на Канцеларијата за поврат на имот, соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и електронската интегрирана база на податоци, прецизираат од Министерството за правда.