Контакт

Македонија

Црвенковски повторно мантра: На 15 септември…

Објавено пред

Поразително враќање

dobivaj vesti na viber

Црвенковски се заканува дека наесен ќе ја принудел Владата на Никола Груевски да се откаже од власта, а 62 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги убедел да гласаат за распуштање на Собранието. Она на што се надева тој за реализација на своето сценарио е банкротирање на државната каса. Тогаш, според плановите на СДСМ, било најдобро време да се удри по власта Пишува: Катерина НЕШКОВАБранко Црвенковски, и покрај тоа што е извесно дека нема мандат за нова државничка функција, сè уште оди на работа во својот претседателски кабинет. “Согласно со Уставот, мандатот на Претседателот истекува на 12 мај и до тој ден тој ќе ја врши претседателската функција со сите работни обврски”, известуваат од Кабинетот на Црвенковски.Можеби не сака државата да ја остави без претседател, а нацијата без татко сè до дефинитивното прогласување на Ѓорге Иванов или на Љубомир Фрчкоски за нов шеф на државата?Но, службеници од неговиот кабинет велат дека тој одамна ги спакувал личните работи и се преселил на Бихаќка бб. Се говори дека на Црвенковски веќе му била отстапена канцеларија од која би можел да дава инструкции за неговото формално враќање на партискиот конгрес во мај. Со тоа сè би се вратило на свое место. Сè би било по старо.Од она што го најавуваат неговите од СДСМ, е дека тој ќе ја користи дури и истата мантра: “На 15 септември…”.Се заканува дека наесен ќе ја принудел Владата на Никола Груевски да се откаже од власта, а 62 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги убедел да гласаат за распуштање на Собранието.Форум во неколку наврати пишуваше за плановите на опозицијата која сака да се врати на своите позиции, па дури и на власт. Сценариото би било од социјални немири, до влошени меѓуетнички односи и меѓународна изолација. Во заднина би било лобирање кај меѓународната заедница. Противпланот на власта би бил мини-реконструкција на Владата или, пак, промена на албанскиот партнер во власта – ДУИ да биде заменета со Нова демократија на Имер Селмани кој на изборите освои неверојатни 150 илјади гласови и со ДПА. ДУИ го доби Сарај, но речиси ги изгуби Тетово и Гостивар кои досега беа целосно под контрола на оваа партија. Без овие два града, Груевски не би се согласил да го има крај себе Али Ахмети чии министри и онака не се покажаа во најдобро светло.СДСМ СЕ КРСТИ ВО БАНКРОТАко до пред изборите сценаријата беа само во рамките на шпекулации, анонимни извори од партии или, пак, анализи – резултатите на изборите ги натераа сдсмовците јавно и отворено да говорат за плановите како ќе се вратат на власт, и тоа не на следните редовни парламентарни избори, ами уште наесен, најверојатно на 15 септември.Прв призна Владо Бучковски, поранешен претседател, а сега актуелен пратеник на СДСМ. Бучковски и СДСМ на неверојатен начин, поразот од 22 март кога освоија само четворица градоначалници го претвори во победа. Излегоа дури и со некои збирни бројки од пола милион освоени гласови од претседателските избори со освоените гласови за градоначалници и советнички листи што за најголема опозициска партија делува крајно несериозно.Бучковски вели дека неговата партија не смета само на гласовите на СДСМ, на свое конто ги лепи и гласовите на Нано Ружин, Љубе Бошкоски, Мируше Хоџа и на Селмани. “Да потсетам, на последните парламентарни избори тие освоија 480.000 гласа, а овие претседателски избори 150.000 гласа помалку. Според освоените гласови на СДСМ – 200.000 за Фрчкоски, и на ЛДП – 40.000 гласа за Ружин, станува јасно дека опозицијата по трет пат во 2009 г. како и во 2006 и во 2008 г. има приближно ист број гласови. Но, против политиката на Владата во кампањата беа и Селмани и Бошкоски и Мируше Хоџа”, неверојатно пресметува Бучковски за весникот Шпиц.Но, ниту Селмани, ниту Бошкоски ветиле поддршка на СДСМ. Напротив, и едниот и другиот му се обратија на Груевски.“Сам против 25 политички партии и машинерии докажав дека можат да бидат поразени. Стануваме релевантен фактор, фактор со кој мора да се разговара”, изјави Бошкоски откако ДИК објави дека освоил речиси 150 илјади гласови.Она на што се надева Црвенковски за реализација на своето сценарио е банкротирање на државната каса. Тогаш, според плановите на СДСМ, било најдобро време да се удри по власта. “Штрајковите и незадоволните групи ќе ја добијат целосната поддршка од СДСМ. Тоа е сосема легитимно”, велат извори од партијата.Оттаму се подготвени логистички и кадровски да ги поддржат овие целни групи. Дополнително СДСМ ќе биде консолидирано поради Црвенковски кому ретко кој од партијата може да му се спротивстави, па послушноста ќе го зацврсти партиското јадро.Чеканиот банкрот, според прогнозите на економските експерти на СДСМ и девалвацијата што ја најави Фрчкоски, како претседателски кандидат, би се случил токму во септември.“Отворањето на картите” со кои игра Црвенковски, велат во СДСМ,  било направено и за да се создаде одредена групна психологија кај членството надвор од централата и симпатизерите на СДСМ, дека партијата по пауза од пет години најпосле функционира.НОВО МНОЗИНСТВО?!Но, за да издејствува избори, на Црвенковски ќе му требаат најмалку 61 пратеник кој ќе гласа за распуштање на сегашниот состав на Собранието и закажување нов датум за избори. Предвремените парламентарни избори му успеаја засега само на Груевски, и тоа додека тој ја имаше власта.СДСМ на неколку пати се обидуваше од опозиција да придобие пратеници и да го смени мнозинството во Собранието, но никогаш не успеа.На што смета СДСМ?Преговори со Љубе Бошкоски биле направени само пред изборите, сега тој се повлекува од блискоста со СДСМ и Црвенковски и ì се обраќа на власта. Селмани е близок човек на Груевски. ЛДП и Јово Манасиевски веќе направиле почетни преговори со ВМРО-ДПМНЕ за влез во Владата. Мендух Тачи пред неколку месеци, лут на Груевски оти не го прими во Владата, кокетираше со Црвенковски, но сега како да подзастана.На Црвенковски за преговори му останува само ДУИ и Али Ахмети.Избори од раководството на СДСМ признаваат дека имале контакти со стариот партнер, особено сега откога ДУИ не се покажа како силна партија.Но и неговите пратеници не се доволни за да се стигне до 61, особено што само ВМРО-ДПМНЕ со помалите партии кои гравитираат околу него има 62 пратеника.“Во такви услови ќе гласаат и пратениците на власта. Очигледно ќе се формира ново мнозинство. Кој ќе може во услови на банкротирање да гласа против народот”, велат извори од СДСМ.Но, пред планираното ново мнозинство не е исклучено СДСМ да игра и на бојкот во вториот круг на изборите. Бојкотот е како можно решение за Фрчкоски кој не може да ги искомпензира за сметка на Бошкоски. Тоа го покажуваат анализите и рејтинзите изработени токму од агенции блиски на СДСМ. Според последните податоци, СДСМ не може да смета на разнебитување на вмровското гласачко тело во рамките на вториот круг, т.е. прелевање на гласовите од Бошкоски поради тоа што Бошкоски не ни добил многу гласови од вмровските симпатизери. Напротив, според анализата, најголем процент од  гласовите на неопределените избирачи, односно на избирачите кои од разни причини не сакаа да кажат за кого ќе гласаат, на овие претседателски избори отидоа кај Бошкоски. Според тоа, може да се заклучи дека, доколку тие беа крајно незадоволни од работата на Груевски, уште во првиот круг ќе се определеа за Фрчкоски. Слично е и со гласовите на Селмани. Оттука, единствен начин да се порази Иванов, барем времено, и да се купи уште некоја недела време е да се оди на бојкот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес

Објавено пред

Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

dobivaj vesti na viber

На средбата заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес и во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.

Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска, јавниот обвинител Бајрами и членови на Комисијата остварија работна средба со членовите на Државната изборна комисија, на која двете институции меѓусебно се информираа за текот на подготовките за организација и следење на изборниот процес, како и потенцијалните ризици. Привремената комисија во Јавното обвинителство непосредно ќе комуницира со членовите на ДИК во текот на спроведувањето на изборниот процес и особено на денот на гласањето за да се информира за сите евентуални изборни нерегуларности кои би можеле да бидат предмет на кривична одговорност за сторителите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Склучен меморандум за соработка помеѓу Економскиот факултет – Скопје и „Кроација осигурување“ АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Објавено пред

Денес во просториите на Економскиот факултет – Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески одржа состанок со г-дин Александар Манев-генерален директор на Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје и со претставници од истата институција.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на остварената средба, се одвиваше плодна дискусија во насока на унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели. Во таа насока, состанокот се заокружи со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете страни со кој се официјализираше соработоката помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје.

Со ова, двете институции се согласија да соработуваат во реализација на широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку најразлични активности и проекти од взаемен и општествен интерес, реализирање на практична настава за студентите од Факултетот, презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот, организирање работилници и конференции, и други активности.

За време на посетата, генералниот директор, г-дин Александар Манев и останатите претставници, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Објавено пред

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара, кој беше најден со девет убодни рани.

dobivaj vesti na viber

„Во согласност со моите информации приведено е уште едно лице. Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови. Се продолжува со други истражни дејства сè со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Штом имаме дополнителни нови информации, јавноста ќе биде дополнително известена“, рече Тошковски.

Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата од СДСМ дека откога е дојден на местото министер за внатрешни работи, работите не одат на подобро.

„Вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор затоа што се несериозни изјави. Тотално не би ги коментирал“, рече Тошковски и додаде дека македонскиот народ се смее на она што се обидуваат да го тераат како приказна и повика да завршат ваквите паушални обвинувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија2 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ3 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија3 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија3 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија6 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет6 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет7 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија7 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион7 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет7 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет7 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија22 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија23 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...