Македонија
Зајакнување на заштитата од дискриминација
Формирање Совет за заштита од дискриминација, директна инволвираност на Народниот правобранител доколку некој покрене постапка пред суд и судска заштита на лицето се дел од одредбите што треба да бидат регулирани со новиот Закон за заштита од дискриминација
Донесување што посилен инструмент за справување со дискриминацијата по кој било основ е целта на повеќе невладини организации и здруженија кои се занимаваат со дискриминацијата на луѓето при вработување или при обид да се користат услугите на некоја институција. Доследно и јавно претставување на правата на поединецот во однос на дискриминација, треба да се обезбеди, смета претседателот на “Полио Плус“, Звонко Шаврески. “Отсуство на желба да се покрене постапка пред надлежните органи, укажува на непознавање, неинформираност за правата за заштита од дискриминација“, рече Шаврески на денешната јавна расправа во Собранието, организирана од Националниот совет за евроинтеграции.Според податоците, кои Шаврески ги презел од извештајот на Народниот правобранител, во 2007 година, само 11 постапки за заштита од дискриминација биле поднесени, од кои 9 немаат разрешница. Шаврески смета, дека идејата за јавни расправи при подготовка на текстот на еврозаконот за заштита од дискриминација, кој треба да го донесе Собранието е добро, но дека текстот по кој требало да расправаат на почеток, не бил добар. Моментално, според него, институционалната рамка не е доволно силна за да ги заштити евентуалните жртви од дискриминација. Тој смета, дека информации за правата кои ги имаат граѓаните, треба да има многу повеќе, особено кога настануваат промени во законската рамка. Џељаљ Бајрами, министерот за труд и социјална политика, рече дека Предлог-законот за заштита од дискриминација треба да обезбеди правна рамка кога некое лице се обрати до некоја институција или при вработуивање, се соочи со дискриминација. Покрај директната инволвираност на Народниот правобранител во процеси за заштита од дискриминација, формиирање Совет, судска заштита на лицето што по кој било основ е дискриминирано, мора јавно да се објавува пресудата за да се спречат понатамошни злоупотреби од надлежни лица, смета министерот Бајрами.“До сега одржавме 5 јавни расправи низ неколку поголеми градови низ Македонија. Оваа е последна. Јавните расправи беа одржани во соработка со бизнис заедницата со Коалицијата “Македонија без дискриминација“ и други“, појасни Радмила Шекеринска, претседателката на Националниот совет за евроинтеграции. Симон Филипини, холандската амбасадорка во Македонија, рече дека донесувањето на овој закон ќе ја приближи Македонија кон Европа. Според неа, трендот во македонија по тоа прашање е позитивен, особено со потпишувањето на Декларацијата за заштита на граѓаните од дискриминација, што ја имаат потпишано само 65 земји. “Различноста може да биде добра основа за инспирација“, рече на денешната расправа Филипини.Законот за заштита од дискриминација е двојно европски, затоа што е еден од условите за влез во Европската унија, како и усчов за добивање визна либерализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.