Македонија
По црквата – протести за џамија

И дефинитивно Македонија влегува во фаза на религиозно-политички протести. Прашање е само што натежнува повеќе – верската, идеолошката или етничката припадност?!
По протестите на скопскиот плоштад Македонија за и против изградба на црква, по немилите настани кои се случија на плоштадот-тепачки и меѓусебни политички обвинувања, сега се јавија одредни здруженија ои бараат изградба на џамија! Станува збор за иницијатива за изградба на џамија на плоштадот, на местото каде некогаш се наоѓала Бурмали џамија. Имено, Бурмали џамија била изградена во 1495 година, на десната страна на Вардар, во непосредна близина на Камениот мост. Џамијата била изградена од страна на Карали Мехмед паша, а џамијата е урната во 1925 година, и на нејзиното место е изграден Офицерскиот дом, кој пак е урнат во катастрофалниуот земјотрес во Скопје во 1963 година. Како што се вели во пишаната изјава, проектот за обнова на џамијата е иницијатива на 78 граѓански здруженија претставени преку Координативното тело за изградба на Бурмали џамија. Протестот, опдносно јавното прогласување на иницијативата се одвиваше мирно, со мала група на граѓани, а присутни беа почестени со баклава! Реакциите на граѓаните кои се затекнаа таму неа различни, но воглавно, без оглед на националната и верска припадност, најголемиот дел од нив беа против градење на било какви објекти на плоштадот, односно, против градењето и на црква и на џамија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.