Македонија
На Деве Баир запленет хероин вреден 3 милиони евра
Три милиони вредниот хероин полицијата и царината на македонско-бугарската граница на преминот Деве Баир го открила во специјално направен бункер во камион на скопската фирма „Енис транспорт”
Министерството за внатрешни работи соопшти дека неколку месеци биле следени контактите за транспортот на хероинот и навјеројатно крајната дестинација на дрогата бил западно-европскито пазар. Хероинот бил со потекло од Турција, а постојат соменвања дека бил наменет за КосовоХероинот спакуван во 117 пакувања со различна форма и големина, облепени со селотејп се пронајдени во камион „DAF” со скопски регистарски таблици, сопственост на приватната фирма ДПТУ„Енис-Транспорт” ДООЕЛ од Скопје, управувано од 35 годишно лице од Скопје и 42- годишен совозач од Арачиново, двајцата македонски државјани. „Според документите крајната дестинација е Косово, а почетната дестинација е Турција. Превезувале друга стока – радијатори”, изјави во саботата Гордана Јанкуловска, министерката за надворешни работи. Одземените пакувања се предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР. Утврдено е дека се работи за висококвалитетен хероин, со исклучителен процент на чистота кој во малопродажба вреди повеќе од 3 милиони евра.Против двајцата осомничени, до Јавното обвинителство, ќе биде поднесена кривична пријава, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.Оваа реализација, по вредност, практично претставува годинава најголем случај на отркивање шверц ан дроги од стран ана македонската полицијаНатамошната истрага треба да покаже дали има и други инволвирани во овој случај со шверц на хероин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.