Македонија
Известувачот за верски слободи на ОН во Скопје
Од 27 до 29 аорил 2009 г., Специјалниoт известувач на Обедиентите нации за слобода на верисповед или убедување, Асма Џахангир, доаѓа во посета на Македонија, исвестуваач од канцеларијата на УНДП во Скопје
Нема најави дека оваа посета на претставник на Обедиентите нации, е во врска со поврзана со скорешното укинување на веронауката во основните училишта од страна на Уставниот суд на Република Македонија. Но, бидејќи оваа одлука предизвика конфронтации во македонското општество со политички и деалошки конотации, веројатно е дека и посетата на Асма Џахангар не е предизвикана од тоа. Инаку, посетите наразни држави се една од главните активности на Специјалниот известувач и се спроведуваат со цел да се стекне со оодлабоко разбирање за слободите на вероисповед или убедување во специфичниот контекст, како и да даде конструктивни ореоораки во тој ооглед на конкретната земја.Во текот на посетата на Македонија, Специјалниот известувач Асма Џахангир треба да оствари средби со претставници на релевантните државни институции, како и со претставници на верските заедници, невладини организации и др. На последнито ден ос својата посета на Скопје, Џаханфар ќе ги соопшти своите првични согледувања на прес-конференција. За посетата таа ќе поднесе извещтај до Советот за човекови орава на Обединетире нации, на 13-та сесија која ќе се одржи во март 2010 г.Инаку, Специјалниот известувач за слобода на вероисповед или убедување е независен експерт назначен од страна на Советот за човекови права на ООН. Носителот на мандатот е повикан да ги идентификува псотојните или евентуалните и потенцијални пречки во уживањето на правото на слобода на вероисповед или верско убедување, како и да даде препораки за начините и средствата за надминување на таквите пречки. Асма Џахангир е назначена за Специјален известувач во јули 2004 г. Покрај тоа, Џахангир е и адвокат за човекови права со седиште во Лахоре, Пакистан. Таа спроведува две до три посети на држави во годината, по што поднесува извештаи до Советот за човекови орава и до Генералното собрание на ООН. Г-да Џахангир оретходни оосети има остварено во Нигерија, Шри Ланка, Франција, Азербејчан, Малдиви, Тачикистан, Велика Британија, Ангола, Израел, Индија и Туркменистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка, Магдалена Несторовска, оствари работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ по повод одбележувањето една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.
„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со цел да ги одбраниме нашите и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите што ги направија договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.
„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме и од неодамна имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справуваме со миграцијата. Од земја што бараше помош од другите држави за справување со миграцијата, сега нудиме помош“, рече Бојмацалиев.
Македонија
Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“
Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.
Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.
Македонија
Успешна сложена дентална операција – изведена транспозиција на нерв
Вчера, успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјата.
Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – Дијана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.
Видеоприказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамките на меѓународниот имплантолошки конгрес, кој почнува денес во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а ќе трае до 20 април. Напредната хируршка техника првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.
Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите што ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Дијана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME – европски кредит-поени.