Македонија
Џахангир ги осуди насилствата на верска основа
Специјалниот известувач на ОН за слобода на вероисповед или убедување, Асма Џахангир, го осуди нападот на демонстрантите кои протестираа против изградба на црква на плоштадот во Скопје, но е оптимист дека степенот на разбирање меѓу различните верски заедници ќе биде се повисок
Асма Џахангир смета дека одлуката на Уставниот суд за соборување на одредбите од Законот за основно образование не е во спротивност со слободата да се добива верско образование надвор од училиштата.“Забележав дека пресудата на никој начин не е во спротивност со слободата да се добива верска поука надвор од наставата во основните училишта“, рече Џахангир на денешната прес-конференција, по неколкудневната посета на Македонија.Таа цитираше дел од Комитетот за човекови права на ОН, каде се вели дека слободата на вероисповед и убедување “дозволува настава во државните училишта по предмети како општа историја на религиите и етика, доколку се спроведува на објективен и неутрален начин.“ Џахангир е запрепасетена од бесот на одредени верски водачи и политичари, против одлуката на Уставниот суд, затоа што од витална важност е судовите да можат да судат по верски прашања без страв или фаворизирање. Според Џахангир, владата има обврска да ги штити граѓаните од акти на верска нетрпеливост и дискриминација. “Информираното јавно мислење може да промовира толеранција и треба да се создава преку мониторирање и заговарање на човековите права. Граѓанскиот сектор може да одигра водечка улога во поглед на ова“, рече Џахангир.Во текот на нејзината посета на Македонија, Џахангир се сретна со претставници на власта, претставници на граѓанскиот сектор и зарличните верски заедници во Скопје, тетово и Прилеп. Таа била информирана дека некои пријави на членови на верски малцинства не биле понатаму проследени, што не треба да се случува. Џахангир го посочи уништувањето на џамијата во Прилеп во 2001 година, како контроверзен, во однос на заложбата да биде реконструирана. “Бев охрабрена од реформите направени во Законот за верски заедници и групи од 2007 година. Тој е во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, сепак, примената на законот досега не беше прецизно насочена“, вели Џахангир.Специјалнмиот претставник е на мислење дека Македонија е млада демократија и ќе се справи со овие предизвици, а дека Владата има деликатна улога по ова прашање затоа што религијата во Македонија е одвоена од државата.“Од една страна, таа мора да гарантира дека се почитуваат принципите на недискриминација, а од друга страна, мора да им овоозможи автономија на верските заедници“, вели Џахангир.Специјалниот известувач е задоволна од поканата на Владата за сите специјални известувачи од ОН, што ја покажува нејзината соработка со ОН и отвореноста кон спроведувањето на човековите права. Целосниот извештај од посетата на Македонија, Џахангир ќе го прзентира на 13 – тата седница на Советот на Обединетите Нации за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Решението за градба кај болничкиот комплекс „Воена болница“ да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.
Македонија
Инспектори затекнале диви менувачници на Бит Пазар, но наместо да ги запечатат им дозволиле да си работат
Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службена положба и овластување.
Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, а за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.
Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.
Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Македонија
Митрески – Бомгартнер: Северна Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат
Претседателот на Собранието Јован Митрески денес оствари средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.
Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, Митрески ја констатираше одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.
Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се сложи со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздрави средбите на парламентарци од Собранието на Република Северна Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.
Информираше за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на март – месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Беше изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји, како и за потребата од зголемување на бројот на француски инвестиции во земјата.