Македонија
„Достоинство“ бара да не се брза со донесување на новиот закон за мировници
Здружението „Достоинство“ ги поддржува барањата на семејствата на загинатите мировници од хеликоптерската несреќа и бара од Собранието на Република Македонија да не брза со донесувањето на законот и да ги вметне во новиот закон за мировници, кој утре е на второ читање пред пратениците
Здружението бара мировниците кои ќе се вратат од мировни мисии и доколку не се повредени да имаат свои права, а професионалните војници да не останат без работа по наполнување на 38 години старост, како што налага веќе постоечкиот Закон за служба во АРМ.Претседателот на Здружението, Стојанчо Ангелов на денешната прес-конференција истакна дека досегашниот Законот е добар само за мировниците кои во иднина ќе се здобијат со инвалидитет во мировните мисии.„Доколку некој мировник замине на мисија во Авганистан неговото семејство овде ќе биде обештетено со 60.000 евра, додека семејствата на бранителите од 2001 година кои земале оштета сега треба да ја вратат. Доколку некој мировник се стекне со воен инвалидитет во Авганистан може да земе оштета околу 70.000 евра, додека воените инвалиди од 2001 немаат земано, а оние што земале пари треба да ги вратат со камата“, рече Ангелов.Здружението „Достоинство“ бара од Владата да примени такво решение и за ранетите бранители од 2001 година, да ги изедначи со воените инвалиди и семесјтвата на загинати од мировните мисии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.