Контакт

Македонија

Норвешка ќе донира за АРМ

Објавено пред

При посетата на министерот за одбрана Коњановски на Норвешка, во рамките на зајакнато партнерство во одбраната, домаќините најавија голема донација за Македонија. И Осло смета дека Македонија треба да биде дел од НАТО

dobivaj vesti na viber

Министерот за одбрана  Зоран Коњановски на 27 и 28 мај беше во официјална посета на Кралството Норвешка, што е прва официјална посета на македонски министер за одбрана на оваа скандинавска држава. Како што информираат од министерството за одбрана, министерот Коњановски се сретнал со норвешката министерка за одбрана, Ане Грете Стром Ериксен, со која имале, како што се потенцира, исклучително плодни и. Коњановски се сретнал и со началникот на Генералштабот на Армијата на Кралството Норвешка, генерал Свер Дизен, како и со претседателот на Парламентарната комисија за одбрана, Јан Петерсен. Во текот на разговорите министрите за одбрана на Македонија и Норвешка разменија мислења околу процесот на натамошното проширување на НАТО, учеството во меѓународни операции, безбедносната ситуација во Регионот, одличната и сеопфатна билатерална соработка во областа на одбраната, а беа разгледани и можностите за нејзино идно дополнително јакнење. Во текот на средбата Ериксен потврдил дека Македонија е рамноправен и кредибилен партнер кој заслужува да биде дел од НАТО и ја истакна нејзината улога како исклучително важна за соработката, безбедноста и стабилноста на регионот. Норвешка е силен поддржувач на Република Македонија. Силната поддршка во делот на одбраната се потврдува преку богатата одбранбена соработка, поддршката во процесот на реформите во безбедносниот сектор, како и преку големиот број донации на Норвешка кон Македонија низ заедничките билатерални и регионални одбранбени проекти.Македонија и Норвешка од неодамна дополнително ја зајакнаа одбранбената соработка преку остварување конкретен заеднички ангажман во ИСАФ во Авганистан, и тоа во делот на воената медицина која е област на исклучително дефицитарен и ценет капацитет од страна на НАТО. По интензивна и исклучително посветена заложба на двете страни, Норвешка и Македонија станаа партнери во декларирањето значаен, заеднички воено медицински придонес во Авганистан, упатувајќи го првиот заеднички македонско-норвешки воено медицински хируршки тим во Авганистан во декември 2008 г. Во тек се подготовките за втората ротација на заеднички воено медицински тим кој во Авганистан ќе биде упатен веќе на 2 јуни годинава.Норвешката министерка за одбрана Ериксен го истакнала големото задоволство од досегашната соработка во Авганистан, нагласувајќи ја високата професионалност, посветеност и мотивираност на нашите воено медицински лица кои се целосно интегрирани во норвешкиот медицински тим. По нејзината неодамнешна посета на заедничкиот македонско-норвешки тим во Авганистан, министерката Ериксен го нагласи силниот впечаток дека се работи за заеднички ангажман на исклучително способни и подеднакво способни партнери кои покрај тоа се и одлични промотори на пријателството помеѓу двете земји.Силната одбранбена соработка меѓу Македонија и Норвешка конкретно во областа на воената медицина е плод на заедничкиот интерес и обврзаност за придонес кон оваа исклучително ценета област во рамките на Алијансата. Во рамките на евроинтегративните напори на Република Македонија, подигнувањето на нашите способности во делот на воената медицина до ниво на РОЛЕ 2 лесна маневарска болница е обврска која Македонија ја има прифатено согласно пакетот партнерски цели со временски рок за нејзино достигнување до 2013 г. Заедничкиот ангажман на Норвешка и Македонија во Авганистан е долгорочен проект кој дополнително ќе придонесе за јакнење на способностите на Македонија во делот на воената медицина, како и за нејзино афирмирање во рамноправен партнер на Норвешка, една од земјите основачки членки на НАТО Алијансата. По сеопфатната и исклучително плодна билатерална одбранбена соработка на Македонија и Норвешка, партнерството кое се потврдува и низ декларирање заеднички воено медицински придонес во Авганистан претставува исклучителен импулс во дополнителното јакнење на билатералните одбранбени односи и пријателските врски меѓу двете држави.Најавената норвешка донација на РОЛЕ 2 лесно маневарска болница, претставува исклучителен придонес кон градењето на способностите на Република Македонија во делот на воената медицина. Донацијата на болницата, која е исклучителна скапа и вредна инвестиција, има дополнителна вредност особено поради подготвеноста на норвешката страна истата да ја прецизира водејќи се од највисоките современи стандарди и обезбедувањето нејзина интероперативност. Овој чекор на Норвешка ќе придонесе и за јакнење на претстојните реформи на нашето воено здравство, кои заедно со севкупните напори во делот на одбраната имаат за цел Република Македонија да ја афирмираат како кредибилен и рамноправен партнер на НАТО.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата

Објавено пред

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

dobivaj vesti na viber

Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.

„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

Објавено пред

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека нема да ги заборавиме државните и нациолнални интереси, кои тие не само што ги заборавија, туку и ги погазија! Молам за доверба!“, рече Горданa Силјановска -Давкова, кандидат за претседател на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Верувајте ми, има моменти во историјата! А таков е овој, кога мора да сме заедно! Кога како никогаш досега, потребна ни е вашата поддршка! Без вас не може да направиме единство! Без вас Македонија не може да биде ниту твоја, ниту горда! Без вас не може да дојдеме до победа! Вие го имате првиот и последниот збор! Ви веруваме!

Денес е Денот на светското културно наследство. Охрид е незаменлив и ценет, драгоцен дел од него. Охрид е споменик и дом на европското христијанство! Да го чуваме! Не заборавајте: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана!

Час поскоро, активирајте го универизтетот на Плаошник! Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ако започна изградбата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да доврши.

Во насока на јакнење на културниот туризам ќе покренам организирање на меѓународен форум – Плаошник форум, на кој ќе се дискутира соработката на цивилизациите, религиите и културите. Сето ова во соработка со УНЕСКО и Министерството за култура! Упатувам порака дека: Плаошник може да биде центар на дијалог на цивилизациите! Дијалог на религиите! Центар на културен дијалог! Затоа сум горда на него!“, додаде Горданa Силјановска -Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Објавено пред

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од големиот народен митинг во Охрид, од каде што традиционално ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за парламентарните избори.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи дека долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, а понекогаш и се занемаруваше и никогаш како сега не било важно како сега да се случи обединување, да се обезбеди национално единство.

„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребна на Македонија“, рече Мицкоски.

Додаде дека со Левица и ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ има свои разлики по повеќе прашања и од идеолошка но и од принципиелна природа, но смета дека во моментов, најважно за Македонија е да се фокусираат на оние кои што ја киднапираа државата од граѓаните.

„Но, ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа Македонија од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мора да наоѓаме заеднички јазик без разлика на лични и партиски суети и интереси. Од нив не очекувам да го направат истото. Дури можеби и ќе ме нападнат за овој гест, можеби некои оправдано ќе кажат дека задоцнет, но и покрај тоа, како и да се однесуваат споменатите партии, ние како партија ќе опстоиме на нашиот збор“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија6 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија8 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија11 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија16 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија16 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија16 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија19 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет20 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет20 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...