Контакт

Македонија

Црвенковски и Груевски ќе договараат преговарач за името?!

Објавено пред

Државниот врв утре на средба во кабинетот на Црвенковски ќе одлучува кој ќе биде новиот преговарач во спорот за името меѓу Грција и Македонија, откако Претседателот пред две недели го разреши Никола Димитров од функцијата

dobivaj vesti na viber

Името на преговарачот кој во придружба со Мартин Протoѓер ќе треба да ја застапува Македонија во преговорите за спорот за името што се водат под покровителство на ОН во Њујорк се уште не е договорено. Пред неколку дена неколку пишани медиуми повикувајќи се на владини извори, како потенцијални преговарачи ги споменуваа имињата на Благоја Ханџиски, македонскиот амбасадор во Грција, Зоран Јолевски, амбасадор во Вашингтон, и професорот Ѓорѓе Иванов. Владата денеска преку соопштение ја демантираше ваквата листа. „Досега не е подготвена куса листа и не се точни известувањата за кое било од трите имиња кои се спомнуваат во текстовите“, се вели во соопштението на Владата. Оттаму додаваат дека се уште е во тек постапката и деталната анализа на кандидати за иден преговарач.   Дека нема конечно име, потврдува и министерот Антонио Милошоски. „Владата се уште размислува кој ќе ја застапува Македонија во спорот со името. Постапката е во тек. Неколку имиња доаѓаат предвид“, изјави Милошоски на денешното засадување на дрвца заедно со дипломатскиот кор не откривајќи ги имињата на оние кои влегле во потесниот круг на селекција. Инаку, изборот ќе треба да го направи Груевски. Номинирањето се одложи поради неговиот минатонеделен пат во САД. Кој и да биде избран, овластувањата да преговара во името на Република Македонија официјално ќе ги добие кога претседателот Бранко Црвенковски ќе го одобри предлогот на премирот. Со поставувањето на преговарач Македонија ќе може брзо да се врати на преговорите со Грција кои ги напушти откако Црвенковски го разреши Димитров од оваа позиција. „Ќе гледам се да се заврши во најскоро можно време бидејќи имаме определба во пријателски дух со Грција да ги продолжиме дијалозите околу спорот за нашето уставно име“, најави Милошоски. Освен, прифатената обврска да преговара, дополнителен притисок за поинтензивни преговори и конечно решавање на проблемот, Македонија има и од американската администрација во заминување. Вашингтон во четвртокот испрати јасна порака дека САД нема да го променат ставот околу уставното име на Македонија со доаѓањето на Барак Обама во Белата куќа, но и дека е во дипломатска офанзива прашањето да се реши до декември. „Нашата позиција за прашањето за името е добро позната. Сакаме да го видиме решено. Во тек се дипломатски активности во обид да биде решено, но не би сакал да коментирам ништо повеќе“, изјавил Роберт Вуд, заменик-портпарол на американскиот Стејт-департмент на редовниот брифинг во Вашингтон. Црвенковски му го даде отказот на Димитров јавно на собраниската седница на која се расправаше за Резолуција за национална стратегија за името, а образложението беше дека тоа го прави со цел да се надминат разликите помеѓу него и Груевски во спорот со името, како и тоа дека дуализмот во преговорите со Мартин Протоѓер нанесува штета. Владата, пак, одговори дека токму повлекувањето на Димитров ја остава Македонија „без свој адвокат“ во преговорите. Утрешната средба на државниот врв доаѓа по речиси еден месец пауза од средбите на премиерот и претседателот со преговарачите на кои се координираше ставот околу последниот пакет на идеи на медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Разрешувањето на Димитров, следеше откога двајцата преговарачи во Њујорк му ги пренесоа ставовите на посредникот дека неговиот последен предлог е речиси неприфатлив во делот на идентитетот т.е. јазикот и националноста која ќе биде впишана во графите на Обединетите нации. Забелешки на предлогот „Северна Македонија“ даде и официјална Атина. Според дипломатски извори, двете страни треба да очекуваат нов сет идеи наредниот месец.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Објавено пред

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.

Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.

„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.

Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.

Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.

Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.

Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.

Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.

„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ

Објавено пред

„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.

„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.

Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.

Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.

Сите патни правци во државата се проодни.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија7 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија8 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија8 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија9 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија10 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија11 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет11 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија12 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет13 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет14 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион14 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет14 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа14 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет14 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....