Контакт

Македонија

Грците не признаа уште пред три века!?

Објавено пред

Сензационално откритие – Евангелие на Македонски од 18 век!Кониковското евангелие е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на Данаил од Москополе кој датира од 1802 г.

dobivaj vesti na viber

Пишува: Атанас КИРОВСКИ

Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчкото писмо, и е првиот обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик.Фински истражувачки тим во Александриската библиотека го пронајде најстарото евангелие на народен македонски јазик печатено во 1852 г. во Солун познато како Кониковско евангелие. Славистите велат дека станува збор за откритие кое е првокласна научна сензација. Евангелието е напишано на народен македонски јазик на крајот од 18 век и е најстар запис на долновардарскиот или егејскиот дијалект на Македонците кои живееле и живеат во Грција. Името го добива по редакторот на текстот, Павле Божигропски од село Кониково (Воденско) кој се потпишува како Протосингел Павел родом Воденска. Лингвистите претпоставуваат дека оригиналот врз кој Павел Божигропски вршел редактура е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на аџи Данаил од Москополе кој датира од 1802 г., но, за жал, немаат никакви податоци за авторот. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчкото писмо, и е првиот обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик. Финската академија на науки и уметности во август годинава го објави делото The Konikovo Gospel во редакција на Јоуко Линдстед и Јухани Нуорлуото од Финска, додека редактор од Македонија е професорот Људмил Спасов. Оригиналниот ракопис пронајден во Александриската библиотека  претставува прекрасна книга оштетена од многу употреба. Постојат многу дамки од восок од свеќи и масло. Долните десни агли на листовите се закинати од листањето на страниците. Забележани се и дупки од црви, како и кај повеќето библиотечни ракописи. ГРЧКАТА АНТИМАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА Денес, како што пишуваат финските издавачи во Кониково, воопшто нема Македонци бидејќи биле иселени од селото меѓу 1912 и 1928 г., а Грците го имаат преименувано селото во Дитико и таму живеат исклучиво маџири. Воденскиот дијалект на кој е напишано евангелието, Финците со голема помош на активистите на Виножито го слушнаа во околното село Грива. Странците во тимот, и тоа не само оние од Финска, кои се запознаа со македонското население во Грција, беа восхитени што конечно открија една нова Грција, за која велат дека отсекогаш знаеле дека постои, но за нив била недостапна.  Виктор Фридман, професор по балкански и славистички студии од Чикаго, пишува дека значењето на Кониковското евангелие е непроценливо:  “Дијалектот во Кониковско евангелие е од извонредно значење зашто доаѓа од регион кој ì е доделен на Грција по Балканските војни во 1913 г. и каде што се населуваат стотици илјади бегалци кои зборуваат грчки и турски како резултат на размената на население меѓу Грција и Турција (1922-1923) и на обидот на Грција да создаде етнички хомогена држава со искоренување на јазиците на малцинствата меѓу двете светски војни. Истовремено, во овој регион се водат најжестоките борби за време на Граѓанската војна кои резултираа со заминување на илјадници Македонци по 1948 г., така што на овој дијалект денес зборуваат мал број луѓе”. Значењето на делото е огромно зашто грчкиот прогон врз словенскиот јазик и литература датираат уште од времето на Византија во 11 век, кога се уништени сите книги на словенска кирилица, а до почетокот на 18 век кирилицата во Грција е сосема искоренета. Евангелието напишано на македонски јазик претставува очигледен отпор кон таа политика на Грција. Иако во времето на Отоманската Империја под зборот милиет (народ) влегувале ортодоксните христијани, односно станувало збор за религиска категорија во која спаѓале сите немуслимани, сепак постоела свест дека не само религијата, туку и јазикот се основа за националниот идентитет, и токму затоа и е направено евангелие на народен македонски јазик. Професорот Фридман пишува: “Нашето знаење за развојот на македонскиот јазик и идентитет во доцниот 18. и раниот 19 век е значително збогатено со Кониковското евангелие, зашто тоа е од период кога за прв пат се појавува во писмена форма она што денес е стандарден македонски јазик. Кониково госпел е најраниот текст во кој се употребува колоквијалниот македонски јазик како пишан јазик. И додека авторот за прв пат пишува на македонски, Павел Божигропски со своите исправки се обидува да го нормира тој јазик!  Грчкото противење на Македонците во Грција продолжува од тоа време до ден-денес, и покрај печатењето на Абецедарот во 1925 г. во Солун, наменет како буквар за Македонците од Северна Грција”. ЗА НАС САМИТЕ Звучи нереално и сосема неверојатно, но во период кога Македонија е во најжесток судир со Грција околу одбраната на името, јазикот и идентитетот, Министерството за наука не му одобри на македонскиот научен тим 6.000 евра, по 2.000 евра годишно за истражување на ова дело од исклучително  значење за македонскиот идентитет воопшто и за постоењето на Македонците во Грција. Делото го издаде Финската академија на науки и уметности во Хелсинки, со голема помош на македонистите од Катедрата по македонски јазик на Универзитетот Кирил и Методиј под водство на професор Људмил Спасов и со огромна помош на волонтерите од Виножито. Македонската држава и наука полека го губат реперот и наместо да се држат до цврстите докази, непобитните факти (како што е Кониковското евангелие) и науката која ни оди сосема во прилог, влегува во водите на политички мотивиран квазинаучен авантуризам, со кој преку крајно изнасилени аналогии (на јазикот на Хунзите, на пример) се обидува да покаже некаква теза дека македонскиот јазик не е словенски, туку е оној што го говорел Александар Велики. Светот на науката и нашите пријатели кои секогаш ни помагаа во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, иако имаат разбирање за потребата идентитетот да го врземе за древни времиња, сепак ни се смеат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Објавено пред

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.

Засега нема информации за штети.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици

Објавено пред

Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.

dobivaj vesti na viber

Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.

“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.

Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.

Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси

Објавено пред

СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.

dobivaj vesti na viber

Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.

Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.

СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.

Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.

„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

 

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија6 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија10 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија11 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија11 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија12 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија13 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет13 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија14 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија15 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија15 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет15 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет16 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет17 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет17 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа17 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет18 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет18 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...