Македонија
Грција ќе ја оспорува тужбата на Македонија
Доцна вечер во понеделникот, откако Министерството за надворешни работи на Македонија објави дека ќе ја тужи Грција за кршење на Времената спогодба од 1995 г., портпаролот на грчкото министерство тврди дека Грција не го прекршила договорот, туку дека тоа го чини македонската страна
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос, вели дека Република Македонија постојано ја прекршува Временета спогодба и дека таа е страната во спорот којашто го отфрлила последниот пакет идеи за негово надминување, предложен од посредникот Метју Нимиц. Според Кумуцакос, македонската страна продолжува со стратегијата на одолговлекување во преговорите кои се водат под покровителство на Обединетите нации. „Со апликацијата до Меѓународниот суд на правдата, ’скопската влада’ уште еднаш потврдува дека не е заинтересирана за брзо решавање на спорот околу името“, се вели во писмената изјава на Кумуцакос. Исто така, во соопштението се потврдува ставот дека Грција ќе биде доследна во преговорите пред ОН за изнаоѓање решение прифатливо и за двете страни. И покрај убедувањата на грчкото Министерство за надворешни работи дека Владата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе успее да ја собори тужбата од Република Македонија, сепак не изостанаа жестоките критики од грчката опозиција. Најголемата опозициска партија ПАСОК покрај обинувањата кон македонската влада дека води националистичка политика, и’ забележува и на грчката влада дека целата надворешна политика на државата ја свела на проблемот околу името само заради внатрешнополитички потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.