Контакт

Македонија

Политички интереси ја кочеа истрагата

Објавено пред

Заговор против Претседателот Киро Глигоров(1.)Истражувајќи го одново отворениот случај “атентат врз Глигоров”, донесуваме извадоци од книгата во која поранешниот јавен обвинител С.Џиков систематично, преку новински написи и стручни коментари ја гради својата теза од насловот

dobivaj vesti na viber

Пишува: Ставре Џиков

Атентат од непознати лица, извршен со “автомобил-бомба” врз претседателот Киро Глигоров, во 9:45 часот, во непосредна близина на хотелот “Бристол” на ул. “Македонија” во Скопје, главен град на Република Македонија, вторник, 3 октомври 1995 година. Тоа е телеграфско известување за злосторството што е извршено врз претседателот Глигоров. Има многу мотиви за сериозно размислување и да се пишува за несекојдневниот тежок криминален настан што се случи врз првата политичка личност во нашата земја. Има повеќе неодговорени прашања по извршениот обид за убиство на Претседателот на државата. На прашањата за тоа кои се мотивите и целите на инспираторите, нарачателите и непосредните извршители на злосторничкиот чин, до денес нема одговор од Јавниот обвинител на државата, како најповикана личност во гонењето на извршителите на тешкото криминално дело. Наедно се поставува мошне важно, суштинско прашање како функционирала правната држава. Првенствено тоа се однесува на Обвинителството, како правосудна државна институција најповикана според Уставот, судот, како и институциите Парламент и Владата со ресорното Министерство за внатрешни работи. Атентатот врз претседателот Глигоров е исклучителен настан во поновата историја на македонскиот народ што ја потресе државата и ги вознемири сите граѓани во земјата, зашто извршениот напад врз претседателот Глигоров е и директен напад врз самата држава со загрозување на нејзиниот уставен поредок и воопшто безбедноста на Република Македонија. Во тоа време, во демократските институции на државата до 1998 г. доминантна политичка сила и партија на власт, како што е познато, беше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – СДСМ, што ја предводеше Бранко Црвенковски. Таа доминираше со својата пратеничка група во Парламентот и неа ја претставуваше претседателот на Парламентот, Тито Петковски, претставник на СДСМ. Во Собранието на Република Македонија постои Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Неа ја водеше претставникот на СДСМ, Туше Гошев, во периодот од 1994 до 1998 г. Од 1992 до 1994 г. Туше Гошев беше министер за правосудство. Партијата на власт СДСМ ја управуваше и контролираше Владата, како владејачка партија, при што нивниот лидер Бранко Црвенковски беше претседател на Владата од 4 септември 1992 до 27 ноември 1998 г. На претседателските избори во октомври 1994 г., како кандидат на СДСМ и на коалицијата “Сојуз за Македонија”, Киро Глигоров вторпат беше избран за Претседател на државата на општи избори. Претседателскиот мандат на Глигоров му заврши на 19 ноември 1999 г. и на претседателската функција е избран Борис Трајковски. СДСМ влечеше политички потези во Парламентот и во Владата, а како последица на тоа се донесуваа одлуки во Парламентот со кои не се бараше извештајност, информираност и отчет од тогашниот министер за внатрешни работи проф. д-р Љубомир Фрчкоски и од јавниот обвинител на Република Македонија, Стеван Павлевски. Лидерот Бранко Црвенковски и партијата СДСМ повеќе години тактички маневрираа во Парламентот за да ја избегнат моралната и политичката одговорност пред судот на јавноста и граѓаните, бранејќи се од политичките противници, новинарите и јавноста дека атентатот, наводно, се сведува само на политички маркетинг. Која беше пораката на Бранко Црвенковски и СДСМ со одземањето на уставната и политичката моќ на Парламентот и воспоставувањето “молк” за атентатот, којшто претставува класичен политички терор и заговор против поранешниот претседател Киро Глигоров и македонската држава? Кон господин Киро Глигоров и другите жртви при атентатот во својство на оштетени, тие и државата, министерот на полицијата, обвинителот и судијата не ги применуваа законот, владеењето на правото и правдата. Со таквиот недржавнички пристап кон атентатот, тогаш владејачката партија на власт СДСМ покажа дека нема политички интерес да почне да функционира правната држава и со тоа да ги заштити жртвите како последица на теророт и да го разоткрие злосторството. Мемоарскиот запис на Киро Глигоров упатува на критика на неговите сопартијци поради невниманието и недовербата што ја имаат кон него. Тоа се гледа особено на крајот на неговиот дневнички запис: “… Тогаш имаше некоја верзија дека, можеби, тоа е поврзаност со некаква ‘албанска мафија’, дека таа работела во Австрија и во Германија, и го запрашав министерот Чокревски: ‘Што стана со она што ме известивте, дека трагате по таа мафија, дека, можеби, оттаму потекнува оваа работа?’ Тој малку се збуни, се сврте накај мене и ми одговори: ‘Знаете што, претседателе, шефот на Комисијата за таа работа не знае’. Тогаш мене ми стана јасно дека во случајот на атентатот врз мене ја нема онаа потребна отворена соработка и доверба, а без што ваквите случаи не можат да се разрешат”. На страниците на книгава се прави скромен обид со записи на новинари, мислења на учени луѓе од правната наука и со документацијата со која се располага фактографски и хронолошки да се претстави функционирањето на највисоките и, според Уставот, најповиканите институции во државата кои треба да ги заштитат жртвите на грозното злосторство. Носители на високите државни функции, во случајот на Киро Глигоров, го забораваат професионалниот кодекс на однесување и постапување, со благослов на политичарите тие ја избегнуваат моралната и политичката одговорност и создаваат пасивен однос што битно ќе влијае во разоткривањето и расветлувањето на атентатот. На пошироката читателска јавност, како и на правната јавност, на увид им се става ракописот со сета критичност на просудување во насока кон тоа како и дали функционира правната држава и како првите државни репрезенти гледале и се однесувале кон атентатот врз Киро Глигоров, поранешен Претседател на Република Македонија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Објавено пред

ЕУ ќе додели две милијарди eвра грантови и четири милијарди поволни заеми за Западен Балкан од 2024 до 2027 година како дел од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан откога беше одобрен од Европскиот парламент на денешната пленарна седница.

dobivaj vesti na viber

„Инструментот е централен дел од планот за раст за Западен Балкан“, рече коизвестувачот Тонино Пицула на пленарната седница.

Станува збор за финансирање на шесте земји од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската Унија. Во ноември минатата година Европската комисија го претстави Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кој ќе вклучува две милијарди евра грантови и четири милијарди поволни заеми.

Известувачи во име на Европскиот парламент беа хрватските европратеници Тонино Пицула и Карло Реслер.

Пицула беше коизвестувач на ЕП пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), а Реслер беше коизвестувач пред Комитетот за буџет (БУДГ).

Реслер за новинската агенција „Хина“ изјави дека тоа е инструмент споредлив со националните планови за закрепнување и отпорност, но за шест земји во Југоисточна Европа надвор од ЕУ. Тој посочи дека исплатата на средствата е поврзана со конкретни реформски активности.

Реслер апострофира дека ќе се води сметка за усогласување на надворешната и безбедносната политика и визната политика со ЕУ.

Црна Гора и Србија со години преговараат со ЕУ, Албанија официјално ги отвори пред две години, а Македонија само делумно, со оглед на тоа што за целосен почеток на преговорите неопходни се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Лидерите на земјите членки на ЕУ во март донесоа одлука да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Брисел сè уште го смета Косово за потенцијален кандидат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”, на кој присуствуваа и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ и ОДИХР.

dobivaj vesti na viber

Во оваа прилика Бојмацалиев ги поздрави гостите од САД, ОБСЕ и ОДИХР и уште еднаш потенцираше дека на колегите во Оперативниот Штаб им посочил да се работи исклучиво согласно законските норми и прописи, а со цел гарантирање на безбедноста на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што се работело и досега од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.

Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.

„Бев информиран дека гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото вре,е, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Објавено пред

Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија2 часа

Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште

Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Според...

Македонија3 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија3 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија3 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија5 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија5 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион6 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет6 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија7 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион7 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет7 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ8 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија8 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија23 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија24 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија1 ден

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...