Македонија
Барање за повлекување од употреба на учебникот по Педагогија за 3 година
Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници до министерот за образование денеска поднесоа барање за повлекување од употреба на учебникот за предметот Педагогија за трета година гимназиско образование
Учебникот која е наменет за изборниот предмет Педагогија издаден од Просветно Дело 2005, уреден од Ели Маказлиева, а потпишан авторски од страна на Марија Костова, Анета Бараковска и Ели Маказлиева, од организационата коалиција бараатдабиде повлечен од употреба поради како што велат пренесува информации чијашто научна верификација е неоснована, и претставува класичен обид за манипулација на образованието за целите на ширење на хомофобија, говор на омраза и поттикнување на негативни предрасуди и социјално исклучување на хомосексуалците.Од Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници образложуваат дека професорките-автори на книгата не почитувајќи ги одредбите и прогласите на цела низа релевантни институции во доменот на медицината и психологијата и психијатријата, со чинот на патологизација на хомосексуалноста, во книга која се користи како учебник во средното образование, активно учествуваат во дискриминаторската пракса на ширење на хомофобични изјави , и тоа помеѓу лица кои допрва го стекнуваат суштинското образование и кои активно учествуваат во консолидацијата на македонското општество.Коалицијата бара Министерството за Образование да ги преземе сите неопходни мерки за преземање на одговорноста поради одобрувањето и спонзорирањето на учебник со вакви дискриминаторски, научно неосновани и хомофобични ставови, како и одземање на лиценцата за работа на гореспоменатите професорки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го привеле Т.С.Т.(48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.