Македонија
Наскоро ќе се намали бројот на камери поставени во ходниците на некои здравствени установи
Во одредени јавни здравствени установи наскоро ќе се намали бројот на камери поставени низ ходниците, како и нивната резолуција, иако проектот за видеонадзор во клиниките не ја загрозува приватноста на пациентите, изјави денеска министерот за здравство Бујар Османи
Видеонадзорот во клиниките е проект кој се применува веќе шест месеци, а изработен е со цел да се зголеми ефикасноста и продуктивноста во давањето услуги во здравствениот систем, но и за заштита на безбедноста на вработените и пациентите. По денешната средба на министерот Османи со директорката на Дирекцијата за заштита на личните податоци Марија Марушиќ заклучено е во локалните единици дополнително да биде намалена резолуцијата на камерите. „Записите од видеонадзорот ќе може да се најдат само во централната единица каде има еден овластен администратор кој има право да ги прегледа снимките, доколку се појави некоја злоупотреба“, изјави министерот Османи. Наскоро се очекува формирање работна група составена од претставници на Министерството за здравство и Дирекцијата за заштита на личните податоци кои ќе решат од која локација камерите ќе бидат отстранети. „Иако досега имаме позитивно искуство од видеонадзорот, на денешната средба се договоривме камерите во метадонските центри да бидат вклучени само во просториите каде се чува метадонот, а не и каде што се издава“, истакна ресорниот министер. Според директорката Марушиќ, во функција на заштита на приватноста на пациентите во сите јавни здравствени установи наскоро на мониторите нема да се гледаат јасно ликовите, туку ќе бидат заматени. Таа изрази надеж дека доколку веднаш се започне со работа, целиот процес на отстранување на одредени камери ќе биде завршен за две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.