Контакт

Македонија

Македонија во Хаг со доказите против Грција

Објавено пред

Македонија денеска треба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го поднесе меморандумот со писмените докази во спорот против Грција

dobivaj vesti na viber

Македонската страна смета дека Спогодбата е на­ру­ше­на при грчкото вето при пријавата за член­ство на Македонија во НАТО на Са­митот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 г. Милошоски, исто така, потенцираше де­ка македонската страна цврсто останува посветена на сите аспекти од Времената спогодба, особено на преговарачкиот про­цесот со Грција, со посредништво на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц. За застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата е назначен министерот Антонио Ми­ло­шо­ски, а како ад-хок судија во овој случај пр­ед Судот е назначен хрватскиот професор по меѓународно право, д-р Буди­слав Вукас, инаку професот на Пра­­вниот факултет на Загрепскиот уни­верзитет. Метју Нимиц, изјави дека од македонски­те власти добил уверување дека нема да се откажат од преговорите и барањето за­едничко решение за проблемот. „Сигу­рен сум дека ова постапка нема да ја намали посветеноста на македонската вла­- да за продолжување на процесот под по­кровителство на Генералниот секретар за изнаоѓање решение за името, и дека Владата има намера во најскоро време да именува нов преговарач во разговорите во ООН”, изјави Нимиц при поднесување на тужбата од македонска страна. Атина имала легални причини за ветото, пишува грчкиот печат. Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, по средбата со грчкиот премиер, изјавила дека за ветото во Букурешт Грција однапред обезбедила правно поткрепени причини, па поради тоа и тие поднесле противтужба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје

Објавено пред

Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржаваа и координативен состанок во полициската станица во Центар за нивните заеднички заложби.

dobivaj vesti na viber

-Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите.

Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.

Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.

Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите.

Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.

Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.

Голема благодарност до министерот Тошковски и сите припадници на безбедносните сили за поддршката-изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски

Прикажи повеќе...

Скопје

Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟧𝟢 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.02. до 16.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 150 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известуваат од ПОЦ.

dobivaj vesti na viber

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, додаваат од ПОЦ.

Прикажи повеќе...

Скопје

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Објавено пред

Општина Центар информира дека градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа направија акција со патрола низ Центар за да видат каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови.

dobivaj vesti na viber

„Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но ние доставивме иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена, а позитивно одекна и во јавноста, време е да воведеме ред. Младите вандали кои ја уништуваат урбаната опрема ќе фарбаат клупи, ќе менуваат лулашки, но и ќе ја купуваат опремата којашто ја имаат оштетено”, истакнува Герасимовски.

Герасимовски, очекува во најкус можен рок иницијативата да се преточи во закон за да се намалат девијантните појави во општините.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни...

Македонија1 час

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се...

Свет3 часа

Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен...

Свет3 часа

Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој...

Свет4 часа

(Видео) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа девет луѓе

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД,...

Свет5 часа

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се...

Европа5 часа

Стармер е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно

Британскиот премиер Кир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа руски регион со дронови, погодена рафинерија

Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи,...

Македонија16 часа

„Валкани пари – смртни последици“ – во Скопје нов потестен марш по смртта на Фросина Кулакова

Голем број граѓани и денес, по трет пат, се собраа на протест на кој се бараше правда за Фросина Кулакова,...

Топ21 час

Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска. Седумнаесетгодишникот од...

Македонија22 часа

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија24 часа

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија1 ден

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...

Свет1 ден

Првиот човек на НАТО: Путин не би се осмелил да нападне наша членка

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте...

Свет1 ден

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека успехот „веќе се чини можен“ откако неговата администрација почна да соработува со тимот на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија,...

Свет1 ден

„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се...

Свет1 ден

ЕУ се подготвува за итен состанок за Украина

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати...

Македонија2 дена

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија2 дена

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...