Македонија
Македонија ќе гради со пари од ИПА фондовите
Следната година, започнува изградбата на Коридорот 10, најавија од Владата, со пари од ИПА фондовите, по одлуката на Европската комисија за пренос на надлежностите за управување со ИПА фондовите за третата компонента за регионален развој
На располагање на Македонија Европската Комисја стави 110 милиони евра од третата компонента на ИПА фондовите, кои ќе се распределуваат преку министерството за финансии, а ќе бидат искористени за капитални инфраструктурни проекти.“Со ова Република Македонија се стекнува со право за користење и самостојно управување на над 110 милиони евра за инфраструктура и тоа 40 милиони евра за финансискиот период од 2007 до 2009 година, за кои проектите се веќе подготвени и 70 милиони евра за финансискиот период 2010 до 2011 година, за кои веќе се дефинираат приоритетите. Подготвени проекти со кои стартуваме во 2010 година се проектот за изградба на Коридорот 10, заедно со Европската Инвестициона банка и проектот за изградба на пречистителна станица во Прилеп во износ од 16 милиони евра“, рече вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, на денешната прес-конференција во Владата. Според него, со овој потег Европската комисија покажала дека е зголемен угледот на Република Македонија.“По визната либерализација, ова е уште една јасна порака дека ЕК смета на Република Македонија како сериозен партнер и идна држава членка на европското семејство“, рече Наумовски. Владата на Македонија и министерството за финансии треба да ја потпишат спогодбата за европските ИПА фиондови во септември, со што ќе се отвори патот за реализација на планираните проекти.“Финансирањето и склучувањето договори за овоа компонента, значи за компонентата три, ќе се врши преку Министерството за финансии, кое е централно тело за имплементација на овие проекти. Ние очекуваме некаде во септември да се склучи Спогодбата и веднаш потоа Министерството за финансии да почне да ги објавува тендерите за првите проекти во Република Македонија што ќе се финансираат од ИПА средствата“, рече министерот за финансии, Зоран Ставрески. Тој изрази надеж дека наскоро за Македонија ќе бидат отворени и другите компоненти од ИПА фондовите особено оние за финансирање на човечки ресурси и земјодество.“Она што ќе се случува во наредниот период во Министерството за транспорт и врски е реализација на паневропскиот Коридор 10, но исто така со овие средства ќе се изработи студија за изводливост и реализација на железничката инфраструктура, со што се отвора вратата за понатаму да се добиваат повеќе средства за модернизација на железничкиот сообраќај во Македонија“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој очекува кон крајот на 2010 да започне ефективно реализацијата на Коридорот 10, за што изработката на проктот е финална фаза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”
Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.
Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.
На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.
,,Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми”, им се обрати Герасимовски на собраните жители.
Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.
Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.
Македонија
Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.
Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.
Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.
„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.
Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.
Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ
„Мицкоски и ДПМНЕ немаат план, ниту визија за иднината, кристално е јасно дека со нив нема членство во ЕУ.
Мицкоски и ДПМНЕ како иднина, на граѓаните им нудат враќање во минатото, во изолација, режим, неизвесност.
Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.
Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Димитар Ковачевски“.
Соопштение на СДСМ