Контакт

Македонија

Продолжува чистeњето на дивите депонии во Скопје

Објавено пред

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ продолжуваат со расчистувањето на дивите депонии на подрачјето на Град Скопје. Досега расчистени се депониите во општините Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром

Како што соопшти Град Скопје, минатата недела се расчистувале депониите во општина Ѓорче Петров, на улицата „Социјалистичка зора“, а во текот на оваа недела се планира чистење и на улиците „Виа Игнација“ и „Црвена армија“.Акцијата за расчистување диви депонии се одвивала и на подрачјето на општина Карпош, од каде се собрани 30 метри кубни смет од улицата „Козле“ и од булеварот „Партизански одреди“, на раскрсницата со мостот „Обединети нации“.Во општина Аеродром се расчистувале дивите депонии на улицата „Тодор Чангов“, кај последната станица на автобусот со број 17, од каде се собрани 90 метри кубни најразличен отпад.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Собраниската служба се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

Објавено пред

Вработените во Собранието денеска масовно се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.

Тие го чистеа просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.

Отпадот што беше собран, вработените во Собранието го селектираа на пластичен и на друг отпад во посебни ќеси за смет. Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации.

Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар. Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Употребени пелени и кујнски предмети фрлени покрај улиците во Битола – спроведена масовната акција за чистење на градот

Објавено пред

Над 500 големи вреќи со отпад беа собрани во денешната масовна акција за чистење во Битола. По препораките од Владата, денешната работна сабота да се искористи за чистење, административните работници од Битола масовно се вклучија во акцијата на повеќе локации во градот.

На наведените локации, во фреквентни места од градот, можеше да се најде секаков вид на ѓубре, вклучувајќи употребени детски пелени, алишта, па дури и домашни кујнски предмети.

Покрај вработените во Општина Битола и јавните претпријатија од градот, на терен во чистењето учествуваа и вработените на подрачните единици на сите државни институции.

Акцијата, чиј носител е ЈП „Комуналец“, се одвиваше на три главни пункта: зад паркингот кај Новиот пазар, во просторот зад Градската библиотека и во населбата Карпош. Екипи на „Комуналец“ ги обезбедија учесниците во акцијата за чистење со нараквици, вреќи за ѓубре, опрема, а потоа со нивните возила го отстрануваа собраниот отпад.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: МАНУ има примарна задача да ги брани националните интереси

Објавено пред

Политичката партија Единствена Македонија ја прозва МАНУ, по ставот на Бугарската академија на науките дека не постои македонски јазик. Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

„МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како бо однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ. Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект“, велат од Единствена Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 час

Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија3 часа

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ3 часа

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа4 часа

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет4 часа

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија20 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ21 час

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ22 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија1 ден

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија1 ден

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија1 ден

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет1 ден

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет1 ден

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет1 ден

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија2 дена

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет2 дена

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет2 дена

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Досие