Македонија
Ставрески: Реализираме и го остваруваме ветеното
На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ презентирајќи ги одделно податоците за секоја категорија даде отчет за степенот на реализација на изборната програма на влдаејачката партија
„ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори, според примерите на високо развиените демократии, излезе пред граѓаните со политичка програма, која содржеше конкретни проекти, со конкретни рокови, што треба да донесат реални резултати.“, рече Ставрески, додавајќи дека таквиот концепт преставуваше политичка новина и чекор напред во практицирањето на преставничкиот модел на демократијата.„Од вкупно 751 проект од Програмата„ Преродба во сто чекори надградена и проширена“, досега како што рече Ставрески се реализирани 352 проекти, 101 прокети се во тек на реализација, а 297 проекти ќе се реализираат во идните години.Тој беше дециден во својот став дека ВМРО-ДПМНЕ ги поставило основите на новата политика и оваа партија е спремна да продолжи по патот на транспарентноста, мерливоста и отчетноста. Од вкуно 332 проекти во категоријата „Економија со висок и одржлив раст“ , Ставрески рече дека се реализирани 145 проекти, 55 проекти се во тек на реализација, а 132 ќе се реализираат во идните години.Во категоријата „Земјоделство и шумарство“, ВМРО-ДПМНЕ до сега од вкупно 52 проекти, има реализирано 19 проекти, два се во тек на реализација, а 31 ќе се реализираат во текот на идните години.Од вкупно 66 проекти во категоријата „Македонија-земја на еднакви можности“, власта до сега има реализирано 26 проекти, четири проекти се во тек, а 36 допрва ќе се реализираат.„Земја на мирот, правдата и безбедноста“, категорија во која од вкупно 99 проекти се реализирани 77, три се во тек, а 19 ќе се реализираат.Во категоријата „Здравство: здрава нација и развојна економија од вкупно 35 проекти,веќе се реализирани 13, 6 проекти се во тек на реализација, остануваат уште 16 проекти да се завршат.Во категоријата наречена „Македонија-земја на знаењето“, според податоците се реализирани 39 проекти, од вкупно 70,пет се во тек на работа, а 26 проекти треба да се изработат во иднина.„Поквалитетен живот за сите“ е категоријата во која ВМРО-ДПМНЕ релизирале 33 проекти од вкупно 97, 26 проекти се во текот на реализацијата, а 38 проекти остануваат како нерелизирани, со најава за нивна скорешна реализација.„Од посочените податоци можеме да изведеме најмалку два заклучока: ВМРО-ДПНМНЕ го исполнува ветеното на изборите. Имајќи го пред вид споменатото, во периодот што следува освен доследната реализација на програмските постулати, во рамките на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, со помош на нашите меѓународни политички и експертски контакти ќе излегуваме со промоција на проекти кои не беа предвидени во последната изборна програма“, рече Ставрески и најави два нови проекта, кои треба да го осовременат и подобрат животот граѓаните.Коментирајќи ги обвинувањата од лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски дека ВМРО-ДПМНЕ лаже, манипулира и е режимска власт која сее страв и руши цивилизациски вредности, Ставрески оцени дека опозицискиот лидер се служи и натаму со стари методи, ги користи меѓуетничките тензии за да биде актуелен и оти замислува имагинарен непријател за да се претстави себеси како спасител. „Тоа веќе не поминува кај македонските граѓани. Од друга страна ние работиме за излез од светската економска криза, од дупката во која не оставија во изминатите 19 години, од капитализмот на Црвенковски од латиномарикански тип во кој малку луѓе се богатеа, а мнозинството страдаа.“, истакна Ставрески.На новинарското прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира проектираниот економски раст во изборната програма поради светската економска криза, Ставерски реча дека како партија веруваат оти со завршувањето на рецесијата во 2010 година македонската економија постепено ќе се врати на високи стапки на економски раст. „Програмата може да подлежи на ревидирање и дополнителни анализи, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ со оваа програма и со проектите кои ги реализра во неа покажа дека умее да создаде услови приватниот сектор да остварува економски раст од над пет проценти“, рече Ставрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.