Контакт

Македонија

Средени училишните дворови пред почетокот на учебната година

Објавено пред

Општина Кисела Вода, пред почетокот на новата учебна година се ангажираше за чистење и средување на јавните површини пред и во образовните установи, односно основните училишта и јавните детски градинки, на територијата на општината

Притоа, искосени се тревните површини, поткастрени се дрвцата и исчистен е сметот. Со оваа акција за чистење и средување беше опфатено и средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен”, кое се наоѓа во општина Кисела Вода. Општина Кисела планира вакви активности да презема и во иднина, односно со активностите за расчистување и средување на јавните површини во образовните институции на нејзина територија да продолжи и во текот на учебната година, кога за тоа ќе се јави потреба. Во оваа до неодамна една од најголемите општини во државата, во текот на оваа седмица беше спроведена акција од страна на Инспекциските органи од општина Кисела Вода и Министерството за внатрешни работи, во врска со спроведувањето на Законот за јавна чистота, согласно чл. 14, ст. 17 од законот. Во таа насока, предупредени се сопствениците на 10 угостителски објекти во Драчево, да ги намируваат обврските кон Градското Собрание и општина Кисела Вода, согласно склучениот договор помеѓу градоначалниците на град Скопје,Коце Трајановски и на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. За непочитување на законот следи глоба од две до три  илјади евра во денарска противвредност за правни лица, односно од петстотини до илјада евра, за одговорно лице во правното лице.Истовремено изречени се вкупно 13 мандатни казни од по 50 евра, за прекршителите на Законот за јавна чистота, во текот на измината недела.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Намален прагот на алармирање за аерозагадувањето

Објавено пред

Од Министерството за животна средина соопштуваат дека со измената на Уредбата за гранични вредности на аерозагадувањето, од 14-ти декември прагот на алармирање од загадување со ПМ10 честички ќе се намали од 188 на 175 милиграми на метар кубен.

„Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период“, соопштија од Министерството за животна средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Институт за македонска литература: БАН активира политички инволвирања преку негирањето на македонскиот јазик

Објавено пред

Институтот за македонска литература најостро реагира по повод ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик „не постои“, т.е. дека е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“.

„Со ваквата изјава се негира постоењето на македонскиот јазик, литература, историја и култура и со тоа се врши негирање на македонскиот национален идентитет. За македонскиот јазик, литература, историја и култура се објавени стотици илјади монографии, студии, ставови и аргументи на македонски и на други светски јазици од реномирани домашни и странски слависти, филолози, историчари, социолози, етнолози, политиколози, културолози со кои се докажува правниот и историски континуитет на македонската нација, која постои со македонскиот јазик“, велат од Институтот.

Оттука додаваат дека наместо БАН како највисока научна установа во Република Бугарија преку науката да ги афирмира воспоставените научни и културолошки интеракции меѓу македонскиот и бугарскиот народ за градење пријателство и меѓусебно разбирање и почитување, индиректно активира политички инволвирања во директното негирање на македонскиот народ и на македонскиот јазик, што претставува повреда на меѓународното право за себеидентификување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Административците в сабота ќе чистат на 20 локации во Скопје

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставничката на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, денеска одржаа прес-конференција на која ги претставија деталите од масовната еколошка акција „Администрацијата чисти со ‘Не биди ѓубре’“, која ќе се одржи во сабота, на 14. декември, со почеток од 12 часот.

„Изминатите две недели активно работевме на организација на големата еколошка акција за чистење на ѓубре, во која учество ќе земат вработените од државните институции.  Решивме да се приклучиме на акциите кои ги организира грѓанската иницијатива “Не биди ѓубре”, наместо класично да работиме во сабота“, рече министерот Манчевски.

Вкупен број од 40.000 луѓе, на 14. декември ќе чистат на 20 локации во градот.

Локациите се следни:  Сарај – Треска, Аквадуктот – Каналот, СЦ Борис Трајковски, Кале, Музеј на современа уметност, Касарна Илинден, Јужен Булевар, Бихачка, Државно училиште за физичка култура – М.М Брицо, железничка и автобуска станица, улица Џон Кенеди, Собрание, улица Македонија, МКЦ и МРТВ, касарна Гоце Делчев , ул. Ферид Бајрам, ул. Александар Урдаревски, Европска Очна Болница – Јурија, ул. Индустриска и Кеј на река Вардар.

„За успешно спроведување на акцијата, на секоја од локациите одговорни ќе бидат самите раководители, односно премиерот, министрите, градоначалниците и директорите. Дополнително, секаде каде што е потребно, обезбедена е и соодветна механизација од претпријатијата на Градот Скопје. До локациите каде што е потребен превоз, истиот е обезбеден од ЈСП, а за сите вклучени во акцијата обезбедена е и соодветна опрема, како ракавици, ќеси (за отпад и пластика), како и маски за одредени локации“, информираше министерот Манчевски.

Министерот воедно им се заблагодари на сите донатори кои ја поддржаа акцијата: Канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Жбогар, Др.Пановски, Еурофарм,  Отпад, Швајцарска амбасада, Пакомак, Зегин, Еуро ЕКО пак, ЕКОН- Електрон, Eco packing, ЕЛ-Колект.

На пресот се обрати и Ирена Ристиќ, која потсети дека здружението „Не биди ѓубре“ постои една година и половина и изрази огромно задоволство што во сабота, оваа активност во ист момент ќе ја спроведат 40 илјади луѓе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија1 час

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на неговиот адвокат, Димитар Дангов, за...

Македонија2 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Не постои пречка за една изборна единица на изборите во април, брифираат извори од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМ синоќа...

Македонија3 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет4 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет4 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион5 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет6 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет6 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет6 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт16 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион17 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија19 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ22 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија22 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија22 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија24 часа

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија1 ден

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија1 ден

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Досие