Македонија
СДСМ: Груевски не ги исполни очекувањата на земјоделците
Во трите години од власта на Никола Груевски, македонските земјоделци не добиле ништо друго освен лаги, манипулации и лажно ветување дека македонскиот аграр ќе биде прероден, смета опозициската СДСМ
„Иако се ветуваа огромни средства вложување во земјоделството, тоа едвај егзистира за некаков минимален опстанок на земјоделците, кои од ден на ден се повеќе се соочуваат со безизлезната состојба. Толку спомнуваното субвенционирање се врши неплански, според дневните и сезонските потреби за прибирање политички поени и за времено замолчување на незадоволните производители, според одредени состојби на теренот“, рече Зоран Заев, потпретседателот на СДСМ, денеска во Струмица. Според него, недостатокот на правилна стратегија за распределба на средствата доведуваат до состојба, субвенциите да имаат само социјална, но не и развојна димензија. „Власта се обиде да го заташка случајот “Сведмилк“, но тој останува голема црна точка во нејзиното владеење. Каква е состојбата во делот на откупот и пласманот, најдобро зборуваат случаите со истурањето на млекото, фрлањето на земјоделските култури, блокадите на патиштата, незадоволството од ниските цени на пченицата, грозјето и други култури, неводењето сметка за стратешките култури како што се сончогледот, пченицата, шеќерната репа и слично“, рече Заев. Според опозициската СДСM, земјоделците се уште не можат да ги искористат ИПАРД – фондовите од ЕУ, што беше најавено за почетокот на годинава, затоа штоАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се уште не е акредитирана. Заев рече дека земјоделското земјиште не оди во вистинските, земјоделските раце под концесија. На новинарско прашање за падот на индустриското производство од 19,8 отсто, Заев рече дека тој е свесен, но и македонската јавност знае дека секогаш кога премиерот ќе излезе со оптимистичка изјава дека е надмината кризата, само ден потоа Државниот завод излегува со катастрофални и поразителни резултати. Зошто Владата не ги не ги прифаќа антикризните мерки предложени од стопанствениците, Заев смета дека не може да го направи тоа затпа што треба да се откажеод реклами, споменици, партиски вработувања и слично. „Факт е дека ниту една владина мерка објавена до сега не даде резултат во стопанството односно, во ниеден момент досега не е почуствувана никаква помош од страна на власта за закрепнување на македонските фирми“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.
Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.
Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.
Македонија
Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
„Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
„Во реонот на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, во повеќе наврати ќе се извршат минирања на теренот“, информираат од ЦУК.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.