Контакт

Македонија

Собранието го ратификуваше Договорот за демаркација на границата кон Косово

Објавено пред

Македонското Собрание со 72 гласа за и 11 против го ратификуваше Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово

dobivaj vesti na viber

Македонските пратениците на 76-тата седница го поддржаа договорот откако претходно тој ги мина рапсравите на Комисијата за надворешна политика и на Законодавно-правната комисија. Пред гласањето пратениците од ЛДП и Нова алтернатива ја напуштија седницата.Пратеничките групи претходно се договорија обраќање да има само по еден нивни претставник за да може седницата да заврши до полноќ.Силвана Бонева од владејачката ВМРО-ДПМНЕ рече дека денешната седница е можност да се даде придонес за затворање на прашањето кое долго време беше отворено со Косово како голем економски партнер на Македонија при што имаме голем суфицит.„Со предлог законот имаме можност да го решиме проблемот со нашата северна граница која досега претставуваше проблем. Со балансирање на граничната линија двете земји најдоја заеднички јазик и ги надминаа недоразбирањата“, рече Бонева и посочи дека Македонија со решавањето на ова прашање го покажува својот капацитет за изнаоѓање решенија.Според Бонева со прифаќањето на демаркацијата ќе се напредува на патот кон ЕУ и НАТО, каде се потребни држави кои имаат внатрешни капацитети да ги надминат проблемите, нагалсувајќи дека со решавањето на овој проблем, Република Македонија ќе биде една од ретките држави во регионот која ги има решено сите проблеми со границата.„Демаркацијата на границата со Косово, ќе биде силен доказ за добрососедските односи што ги гради Македонија и нејзината волја да ги решава отворените прашања со компромис. Решавањето на граничната линија,ќе значи неутрализирање на структурите кои недефинираноста на границата ја користеа за политичка манипулација и притисок, како и сите милитаристички и дестабилизирачки фактори од минатото кои ја користеа недефинираноста на границата за оправдување на нивните дејствувања.“ рече Бонева.Андреј Жерновски од опозиционата ЛДП, рече дека е потценувачки отсутството на премиерот Никола Груевски на денешната седница и објаснувањето на пратениците од власта дека отстапките за граничната линија се минорни и дека на делот што ќе го добие Македонија ќе се гради хидроцентрала, на како што рече, 3.000 метри надморска висина. За Жерновски, измената на границата е неуставна бидејќи со анексите на договорот се отстапуваат 650 метри што е повеќе од дозволените 150 метри територија, заради што е потребно да се организира референдум. Тој обвини дека со се дава територија на друга држава и дека неговата партија демаркацијата ќе ја постави пред Уставнито суд.     На Жерновски му реплицираше министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој потенцираше дека за Република Македонија е од особено значење и национален интерес прашањето на демаркација на границата со Косово што поскоро да биде затворено на начин кој произчегува од Спогодбата од 2001 г. и во согласност со уставните норми на Република Македонија и меѓународните регулативи кои се однесуваат на демаркирањето на граничните линии.„Во целина ратификацијата на овој договор ќе значи дека Република Македонија ќе направи исчекор напред во осигурувањето на своите граници и во запазувањето на својата целовитост, со што ќе се придонесе за нашата стабилност и за нашата безбедност, но исто така и за регионалната стабилност. Сметам дека затворањето на ова прашање со поддршка од законодавниот дом на Република Македонија ќе значи додадена вредност за начинот на кој Македонија приоѓа на прашањата што се од национален и државен интерес“, рече Милошоски кој додаде дека затворањето на граничната линија и нејзината демаркација не значи ништо друго освен нејзино физичко и техничко одбележување кое се постигнува со заемна согласност меѓу двете држави. И пратеничката Бонева реплицирајше на излагањето на Жерновски, при што рече дека погрешно е толкувањето дека се менува границата, туку се прави физичка демаркација согласно состојбите на теренот и заради тоа нема потреба од референдум.Џевад Адеми од  ДУИ посочи дека секое затоврање на големо прашање отвора нови перспективи.„Секогаш на Балканот кога се решавале отворени прашање се воделе крвави борби. Денеска двете држави испраќаат пораки дека конфликтните прашања на Балканот ги решаваат со преговори и договори. Ние ја претставуваме новата визија на еден поинаков Блакан. Само пред десет години за граничните линии на Балканот се пролеваше река крв“, рече Адеми.Адеми смета ова е доказ дека работите во Македонија се менуваат и додаде дека физичкото затворање на границата отвора нова перспектива за двете држави.„Успешното менаџирање на овој проблем праќа порака на меѓународната јавност дека ги елиминираме нашите проблеми на патот кон Европа каде се бришат границите“, нагалси Адеми.Игор Ивановски од СДСМ во реплика истакна дека никој нема против затворањето на стратешкото прашање за разграничување со Косово, но тоа де не е на штета на Република Македонија. Според него со овој договор се менува официјалниот договор од 2001 г. за демаркација на границата што е депониран во Обединетите нации, а кој е потпишан од поранешните претседатели на Македонија и на СРЈ, Борис Трајковски и Воислав Коштуница. Неговиот колега Менде Диневски, пак, рече дека СДСМ е за затворање на границата со Косово, но согласно членот 5 и членот 74 на Уставот на Република Македонија.  Имер Селмани од Нова демократија истакна дека на денешната седница се дебатира и за иднината на Македонија и додаде дека демаркацијата на границата со Косово е чекор што го прави Македонија за да затвори уште едно отворено билатерално прашање.„Со потпишувањето на овој догвор Република Косово ја признава Република Македонија под уставното име со што паѓаат во вода тврдењата дека Косово нема храброст да го направи тоа“, рече Селмани, нагласувајќи дека се надева оти набрзо ќе може да се надмине и спорот со јужниот сосед. Според Селмани, и во расправата на косовскиот Парламент имало двоумење кај пратениците дека Косово со демаркацијата и отстапува територија на Македонија.Игор Ивановски од име на СДСМ уште еднаш зборуваше нагласувајќи дека пратеничка група смета дека демаркацијата на Границата со Косово е стратешко прашање, но е против тоа да се носи со кршење на Уставот.„Во Косово демаркацијата се донесе со двотретинско мнозинство, а кај нас ќе се носи со една третина. Денеска немаме техничка демаркација на границата, туку промена на граница и размена на територии за која треба да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат“, рече Ивановски нагласувајќи дека на Косово му се подарува суштинска и стратегиска територија а се добива, како што рече – беспаќе на 2.700 метри надморска висина.На почетокот на седницата опозицијата искажа процедурални забалешки дека станува збор за промена, а не за физичка демаркација на границата, а за такво изласување е потребно двотретинско мнозинство. Побараа присуство на седницата на премиерот Никола Груевски, да се обезбедат топографски карти и објаснување од надлежните служби за безбедносните аспекти врз државата.Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски одговори дека Договорот е за физичка демаркација, а не за промена на границата и оти Законот за негова ратификација се носи со обично мнозинство. Вељаноски рече дека премиерот Груевски е поканет заедно со членовите на Владата, но нивното присуствто зависи од нивните можности. Претставник на Владата беше министерот Антонио Милошоски. Договорот за демаракција на границата претходно цо сабота претпладне го ратификуваше и косовскиот парламент во повторено гласање откако при првото  не го доби потребното двотретинско мнозинство. Сепак, во повторното гласање, Договорот го поддржаа 81 пратеник, доволно за негова ратификација.   Пред првото гласање, на пратениците им се обратија претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи кои оценија дека Договорот е од државен интерес за Косово и  ќе помогне за намошен развој на добрите односи меѓу двете држави. Договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата го поздравија ЕУ и САД со оценка дека тоа е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилностДемаркацијата на македонско-косовската граница почна на 30 јуни лани на тромеѓето меѓу Албанија, Косово и Македонија на местото Шерупа на Шар Планина на околу 2.100 метри надморска височина, во правец на граничниот премин Стрезимир-Рестелица на крајната западна точка на 150 километарската граница. Техничкиот дел од демаркацијата го вршеше заедничка Комисија под меѓународен мониторинг. Обележувањето на границата е според Договорот за опис и протегање на државната граница од 23 февруари 2001 г.а, потпишан со тогашна СРЈ во Скопје и е во согласност со планот на Марти Ахтисари. Со почнувањето на работата на Мешовитата македонско-косовска комисија за демаркација на државната граница кон Косово потпишан е Протокол за соработка на двете страни чиј составен дел е Договорот за опис и протегање на државната граница. Процесот што требаше да трае една година беше забавен поради реакциите на жителите на пограничното село Дебелде кои не се согласуваа дел од нивното земјиштето да остане на територијата на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“

Објавено пред

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“.

dobivaj vesti na viber

Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни личности, како Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.

Како што пишува Алис Парк, виш дописник на „Тајм“, во образложението за изборот на Мојсов, Хабенер и Дракер, појавата на ефикасни лекови за слабеење, како што е „вегови“ (Wegovy), е кулминација на долгогодишната тимска работа.

Научниците во Европа и во САД, кои први работеа на лековите за дијабетес, направија критична врска помеѓу инсулинот и инкретините, дел од семејството цревни хормони, познати како глукагони, со што им помогнаа да разберат како да управуваат со нивото на шеќерот во крвта и тежината.

 

Во годинашната листа на магазинот „Тајм“ во категоријата највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.

Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Објавено пред

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека вториот приведен е В. Т. (36) од Скопје.

Претходно, Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец, кој учествувал во кражбата.

Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.

ОД МВР информираа дека судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Објавено пред

„Просечната пензија ќе биде 30.000 денари, што е зголемување од скоро 9.000 денари или над 40% до 2028 година. Овие покачувања ќе се случат како резултат на новата методологија за пресметка на пензиите која оваа Влада ја воведе со измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На овие покачувања, новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди и новогодишен пакет од 6.000 денари за секој пензионер“, изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.

dobivaj vesti na viber

Зброувајќи за зголемување на минималната пензија, Битиќи истакна дека во следниот мандат истата ќе се зголеми на ниво од 20.000 денари, што би било зголемување од 45% до 2028 година.

Битиќи посочи дека во изборната програма предвидено е и енергетски додаток во износ од 1.500 денари за секој пензионер во периодот од октомври до март, односно во времетраење на грејната сезона, со што, како што рече тој, ќе го заштитиме стандардот на нашите највозрасни сограѓани.

„Ова значи дека секој наш пензионер ќе добива по 15.000 денари дополнително годишно, надвор од редовното покачување на пензијата која му следува по закон“, рече Битиќи.

Тој потсети дека минималната пензија во 2016 година изнесуваше 8.900 денари и истата е зголемена за 5.000 денари, и сега изнесува 13.900 денари, што е зголемување за 55% за период од седум ипол години.

„Просечната пензија која во 2016 година изнесуваше 13.800 денари, ја покачивме за 7.600 денари и сега таа изнесува 21.400 денари, или тоа е раст од 55%“, рече Битиќи и истакна овие достоинствени покачувања на пензиите се постигнати и ќе продолжат да се постигнуваат со домаќинско менаџирање со фондот за ПИОМ.

„Тотална спротивност се празните ветувања на ВМРО кое свесно им ветува зголемување од 5.000 денари, кое никогаш нема да се случи, затоа што ни самиот фонд за ПИОМ, ниту централниот буџет може да го понесе товарот од дополнителни 330 милиони евра годишно, за да се оствари ова ветување“, рече Битиќи, притоа порачувајќи дека „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ носи напред, домаќински раководи со државниот буџет и се грижи за сите граѓани.

„Пензионерите да се мирни, бидејќи ние мислиме за нивниот удобен и достоинствен живот“, порача од пред пензионерскиот дом во Чаир Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија3 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија5 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет6 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет6 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија7 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија7 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет7 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет7 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија17 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија17 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија17 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија19 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија22 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...