Македонија
Иванов го кани Папуљас во посета на Македонија
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска упати покана до својот грчки колега Каролос Папуљас за официјална посета на Македонија
„Длабоко сум убеден дека со вашата посета, ние како први луѓе на двете соседни земји ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија и дефинитивно ќе дадеме дополнителен силен импулс за јакнење на добрососедските односи“ се наведува во поканата, која претседателот Иванов во неговата резиденција на Водно и ја предаде на грчката амбасадорка во Македонија Александара Пападопулу. Иванов во писмото до Папуљас нагласува дека во односите меѓу Македонија и Грција“ има многу повеќе нешта кои поврзуваат и зближуваат, отколку што разделуваат“.Господине Претседател, поаѓајќи од нашите цврсти определби за јакнење на односите за добрососедство и развивање на меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес, притоа водејќи се од заедничката визија за регионална стабилност и просперитет, како и за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатлантско семејство, со особено задоволство и чест Ви упатувам покана за официјална посета на Република Македонија. Длабоко сум убеден дека со Вашата посета ние како први луѓе на двете соседни земји ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија и дефинитивно ќе дадеме дополнителен силен импулс за јакнење на добрососедските односи, стои во писмото од Иванов до Папуљас.Во поканата до грчкиот претседател Папуљас претседателот Иванов укажува дека „стои на располагање за утврдување на терминот кој најмногу одговара за да се оствари посетата како и за содржините од програмата“ и воедно изразува надеж дека Папуљас ќе ја прифати поканата да ја посети Република Македонија.Македонскиот претседател Иванов во среда претпладне ја прими грчката амбасадорка Александра Пападопулу, а по разговорите не се предвидени изјави.За средбата од кабинетот на Иванов е најавено соопштение во текот на денов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот
Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Како што појасни, на едното бил изгубен печатот. На останатите две, биле направени обиди да се замени уредот за биометриска верификација, пришто гласањето во едниот случај продолжило па прекинало, а во вториот не продолжило.
„Тоа се трите места за коишто имаме добиено писмено известување. Ќе видиме вечер за што точно се работи и ќе одлучиме“, рече Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од ДИК појаснуваат дека се работи за прекин за повеќе од три часа, додека онаму каде што имало помали прекини, гласањето ќе се продолжи за онолку време колку што било прекинато.
На сите останати гласачки места, гласањето тече нормално и мирно, додаваат.
Пред полноќ се очекува да бидат обработени над 50 отсто од гласовите и ДИК да ги објави првичните неофицијани резултати.
Во однос на информациите за починати луѓе на избирачкиот список од ДИК обазложија дека оние коишто ќе починат 30 дена пред гласњето ги има на избирачкиот список, бидејќи тој е веќе заклучен. Велат дека списокот се ажурира неколкупати годишно во координација со Управа за водење на матични книги.
Македонија
Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори
До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.
Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.
Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.
Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
Македонија
Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати
Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки ливчиња додека го остварувале своето право на глас, објави МВР.
-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во извештајот на МВР.