Контакт

Македонија

Изгласана резолуцијата за проширување на ЕУ, препорака за преговори со Македонија

Објавено пред

Советот на ЕУ на Самитот на 7 декември да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија, се бара во резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Исланд и Турција, што попладнево со мнозинство гласови ја усвои Европскиот парламент

dobivaj vesti na viber

Во документот подготвен од претседателот на Комитетот за надворешни прашања на ЕП, италијанскиот европратеник Габриеле Албертини, почетокот на преговорите не се условува со претходно решавање на спорот за името, но се охрабруваат Македонија и Грција да ги интензивираат напорите за да го окончаат проблемот, бидејќи како што се посочува, можно е изнаоѓање заемно прифатливо решение.  Употребата на името Македонија во дебатата на ЕП, сепак, беше причина за остра размена на реплики меѓу европарламентарците. На грчкиот европратеник Николаос Салавракос, кој бараше од европратениците да не го употребуваат името Македонија, туку да се служат со привремената референца, остро му се спротистави германскиот европратеник Берндт Поселт.  „Македонија е Македонија и Македонија ќе си остане. Да се дискутира за ова, сигурно дека нема да и се помогне во ништо на соседната земја“, рече Поселт потсетувајќи на сличниот став на лидерот на европските Зелени Даниел Кохн-Бендит. Поселт побара и да се ублажат формулациите во резолуцијата во врска со добрососедските односи во кои од македонските власти се бара „воздржување  од акции и изјави кои негативно можат да влијаат на односите со соседот“, бидејќи според него, одговорноста не е само кај Македонија.Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, германскиот европратеник Јорго Шацирмакакис, смета дека единствениот проблем за земјата е проблемот со името. „Потребно е едноставно да се прескокне една сенка. Двете страни мислам дека се подготвени да одат чекор подалеку. Во петок на една петминутна средба на премиерите на двете земји нема да се успее да се реши целото прашање. Но, важна е целта, потребно е повеќе време за да се најде трајно решение. Во спротивно може да се најде избрзано решение кое ќе биде катастрофално на долгорочен план, порача Шацимаркакис. Потсети дека Европскиот парламент треба да помогне со охрабрување на двете страни да најдат трајно решение со широко поле на спроведување. Претходно тој во изјава за Радио Дојче веле рече дека е најдено решението за името. – Двете земји веќе го имаат најдено името. Но, неговото користење е тоа што создава проблеми. Но, со духот кој владее во моментот, мислам дека имаме можност да најдеме решение сега, изјави Шацимаркакис.Еврокомесарот за проширување Оли Рен, кој учествуваше на пленарната сесија на ЕП, оцени дека Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ и оти се уште  постои можност да се реши проблемот со името до декемврискиот самит на Унијата, што би ги зголемило шансите за добивање датум. Го нагласи напредокот што што го направи Македонија, посочувајќи оти земјата е способна да ги отвори преговорите со Европската унија. Тоа, според него, би бил добар пример за останатите земји во регионот. Рен ги повика европратениците да ги охрабрат нивните влади да донесат храбра одлука, која ќе биде во насока на стратешките интереси на ЕУ, во кои спаѓа и проширувањето.Во резолуцијата што ја усвои ЕП, во делот за Македонија, се поздравува неодамнешното воспоставување дипломатски односи со Косово, како и склучувањето на договорот за физичка демаркација на границата, со оценка дека тоа позитивно ќе влијае на  регионалната стабилност.На Македонија и се упатуваат честитки за прогресот што е постигнат во последните месеци, а е потврден и од Европската комисија која препорача отворање на пристапните преговори со ЕУ.  Воедно во документот се повикуваат властите во Македонија да продолжат со реформските процеси, особено во јавната администрација и правосудството, борбата против корупцијата, женските права и меѓуетничките односи вклучувајќи гаранции за правата на припадниците на сите етнички заедници и зголемување на нивното учество во јавната администрација.Европратениците ја поздравија и очекуваната визна либерализација за Македонија, за Србија и за Црна Гора што треба да стартува од 19 декември годинава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средни бизниси, повисоки пензии

Објавено пред

„Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси. Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

dobivaj vesti na viber

„Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера

Објавено пред

„Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ранковце.

dobivaj vesti na viber

„Масовно на 24-ти април да излеземе овде во Ранковце и да го поддржиме идниот претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е многу важно затоа што државата ни е одземена од мала група на луѓе кои што се дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ кои што цело време за да добијат некое парче коска од наместените тендери, да добијат некое ситно евро во џебот и да ги задржат своите фотелји упорно и упорно шест и половина години измеќарат на овие од Мала Речица“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Македонија ја претворија во еден вид на артаноиден режим. Таква е денеска Македонија поради дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ.

„Пред шест и половина години овие што сега се Влада ни ветуваа дека ќе донесат слобода, ќе донесат правда, подобар живот, подостоинствен живот, поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари за граѓаните. А, во суштина што направија? Донесоа цикличен артаноиден хибриден режим“, рече тој.

„Кога велам артаноиден тука мислам и на неговиот ментор, а тоа е Али Ахмети од Зајас, кој што денеска ја доби Македонија на тацна од Ковачевски, Зечевиќ и останатите неколкумина политичари во раководството на СДСМ, кои се покажаа и докажаа како главни измеќари“, укажа Мицкоски.

Тој посочи дека никој не очекуваше една државотворна партија СДСМ да се претвори во гранапче на Али Ахмети, на Артан, на ДУИ и да бидат главни измеќари само за да ги задржат своите позиции.

„Тоа е политичкото мочуриште во кое што ние денеска живееме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека СДСМ и Стево Пендаровски немаат план, немаат програма. Единствено нешто што научиле е само ЕУ, ЕУ.

„А, од ЕУ им остана само еврото кое што го крадат од вас граѓаните преку наместени тендери“, нагласи тој.

„После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на овие избори се бори за 61 пратеник и за претседател Гордана Силјановска Давкова. Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски: СВР Охрид треба да биде во поголем објект, на соодветна локација, што ќе овозможи поефикасно работење

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Охрид, Езерската и Сообраќајната полиција како и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици.

dobivaj vesti na viber

СВР Охрид покрива 7 општини и во првото тромесечие од 2024 година се забележува стабилна безбедносна состојба со намалување од 13.5% на бројот на кривични дела во однос на првото тромесечиче во 2023 година на подрачјето кое го покрива.

„Во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, СВР Охрид има изготвено план и е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите. Од аспект на човечки ресурси, пополнетоста е на незадоволителни 52%. Имајќи го предвид фактот дека Охрид е популарна туристичка дестинација во летниот период, има потреба од дополнителн број на полициски службеници и проширување на капацитетите, особено на полициската канцеларија во Пештани. Исто така, треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење“, потенцираше министерот Тошковски.

Што се однесува до Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро министерот Тошковски беше информиран дека ја покриваат сината граница во должина од 23.4 километри и постапуваат во делот на илегална миграција, прекуграничен криминал по воден пат на охридското езеро, контрола на внатрешната пловидба како и санкционирање на незаконит риболов. Во тој контекст се соочуваат со недостиг на обучени полициски службеници со соодветни дозволи за управување на пловни објекти, како и немање на договор со економски оператор за сервисирање на пловните објекти.

„Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум покрај тековните активности во летниот период врши проверки и на езерскиот сообраќај преку отворање на привремен граничен премин за туристички посети. Се соочуваат со недостаток на човечки ресурси, а ја истакнаа и потребата од подобра едукација и обука на кадрите кои се распоредуваат во организациските единици кои се дел од граничната полиција“, подвлече Тошковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија7 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија9 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет10 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет10 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија10 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија10 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет11 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет11 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет11 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија20 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија20 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија21 час

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија23 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...