Македонија
Груевски-Папандреу: Нема прогрес во спорот за името, остануваат разговорите
Нема прогрес во разговорите за изнаоѓање решение во спорот за името што Грција и’ го наметнува на Македонија. Тоа е епилогот од денешната средба на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и македонскиот претседател на владата Никола Груевски
Јоргос Папaндреу му порачал на Никола Груевски дека не отстапува од максималистичките барања во однос на името и македонскиот идентитет кои на последната средба во Њујорк ги соопшти грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Груевски, пак, од савојот грчки колега побарал не зависно од тоа што нема напредок во спорот да не го блокира влезот на Македонија во Европската Унија на следниот состанок на Европскиот совет на 7 декември.„Овој нов имплус што го имаме сега е добар, колку и да нема резултат од некој разговор, самиот разговорот придонесува на некој начин да се разменат мислење со кои едната и другата страна се соочува. Само со дијалог можеме подобро да се разбереме. Го поздравувам овој нов бран што го имаме од неодамна со владата од Грција. Во однос на позицијата во врска со нашето уставно име морам да ви кажам дека практично денеска ми беше соопштено дека грчаката странба останува на позициите кои ги презентираше нивниот преговарач во Њујорк, како поврзано со името, така поврзано и со идентитетот и во тој поглед не можам да кажам дека имаме некаков прогрес“, изјави Груевски веднаш по средбата со Папандреу.Груевски укажал на грчкиот колега дека букурешкото искуство и блокадата што беше ставена тогаш дополнително ги влоши односите меѓу државите и дека сега имаме поодалечени позиции отколку што имавме пред Букурешт.„Доколку некој смета дека тоа што ќе не’ блокира дека веднаш уште нарендиот месец ќе го реши проблемот се покажа како неточно и ја влошува атмосферата, а се надевам дека и Грција не сака. Така што, апеларивме тој уште еднаш да размили пред да се преземе чекор кој што ќе има негативни далекусежни реперкусии во односите меѓу државите. На некој начин не е европски пример некој некого да блокира и да не’ притиска и уценува. Разговорите треба да ги продолжиме и да најдеме решение. Тоа е наш државен интерес. Со блокади и уцени не се постигнува прогрес“, рече Груевски.Иако се обидоа на македонските новинари не им беше дозволено да присуствуваат на изјавата што по средбата ја даде Папандреу. Тој изјавил дека едно прашање кое трае 18 години не може да се реши за неколку дена. „Изразувам надеж дека е можно решение во нардните неколку месеци или една година. Процесот продолжува во Обединетите нации. Меѓународната заедница ја цени ангажироноста на Грција по прашањето“, изјави Папандреу.Мала Преспа е втора по ред директна средба по онаа во Брисел на која македонската и грчката страна ќе се обидат директно, надвор од процесот на преговорите што се водат во посредство на ОН и Метју Нимиц, да дојдат до напредок во спорот. Средбите ги иницира Европскта Унија во пресрет на одлуката на Европскиот совет на 7 декември за тоа дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.Се очекува, според дипломатски извори, двајцата премиери пред состанокот на ЕУ министрите да се сретнат уште еднаш, и тоа во Брисел. Веќе е испланирана, но не и потврдена средбата меѓу претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и Груевски во Брисел на 2 декември.Папандреу со широка насмевка и во лежарна атмосфера на брегот на Мала Преспа во Грција го прими својот македонски колега. Двајцата државници покажаа џентлменско однесување пред еко-центарот во Пили ракувајки се еден со друг. Папандреу во знак на доборососедство и темата за која беше организирана првично средбата меѓу грчката, албанската и македонската влада – за климатски промени и екологија, на Груевски му подари кочница со локални еко-производи. Нетипично за него, македонскиот премиер кој во минатото беше познат по тоа што доцнеше и на средбите со високи европки државници, на средбата со Папандреу и Бериша стигна 20 минути порано. Папандреу тоа време го искористи да му раскаже на Груевски колку е старо езерото, како и за тоа какви енергетски потенцијали има целиот регион. Потоа, го седна во еко-инфо центарот во Пили каде му ги повтори грчките позиции во спорот со името.Двајцата премиери пред средбата во Мала Преспа оценија дека на средбата нема да дојде до решение, но дека тоа е добар знак за напредок во преговорите и конструктивност.Пред денешната средба, државата вчера ненајавено ја посети шведскиот министер за надворешни работи и актулен претседавач на Унијата, Карл Билд. Тој доцна синоќа дојде во неформална посета на премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. На работната вечра, како што соопштуваат владините прес служби, на средбата се разговарало за евроинтегративните процеси на државата, но и за прашањето за името наметнато од страна на Грција. Шведскиот шеф на дипломатијата изразил надеж за негово решавање. Она што е интересно е дека Папандреу го покани Груевски на втора билатерална средба на која ќе говорат за отворените прашања околу умето во Егејскиот дел од Македонија, од каде потекнува и македонскиот премиер. Пили е мало место на брегот на Мала Преспа. Жителите се со мешан етнички состав. Има Македонци, Власи и Грци. Поголем дел од населенито го говорат македонскиот јазик. Она што е најголем проблем во меѓусебната комуникација помеѓу локалните жители на Мала Преспа и македонската страна е тоа што нема директен граничен премин. Токму затоа, премиерот Греувски на средбата со грчкиот колега, совен иметом го отворил и прашањето за граничниот премин Маркова Нога – Герман во близина на Мала Преспа. Македонија, Грција и Албанија во овој регион имаат соработка и во делот на искористување на водените потенцијали на Преспа. Груевски и Папандреу разговараа и за ревитализацијата на железничката линија Битола-Лерин, која во моментот не функционира, како и за граничниот премин Николич – Стар Дојран и Пулевац – Ардеа, со кој би се дефинирал еко-регионот меѓу Кавадрци и Ардеа.На конференцијата за климатски промени, тојцата премиери разговараа и се договорија за идните чекори во однсо на заштита на животната средна во регионот, како и за понатамошното искористување на енергетските потенцијали. Претходно, трите држави има соработка во овој дел при што реализирани се проекти во вредност од близу 12 милиони долари. Папандреу, Бериша и Груевски се договорија да потпишат Спогодба за заштита на паркот Мала Преспа на 2 февруари 2010 г. за поголема промоција и развој на овој регион. Премиерите со ова, како што велат во заедничката деклариција, сакаат да искажат заедничка подршшка на Глобалниот самит на ОН за климатски промени во Копенхаген да биде усвоена декларација за реализирање на заеднички активности за мониторинг на водите, инвестиции за нови технологии во земјоделството и за механизми за чист развој.Средбата во Пили ја следат повеќе од сто новинари од Грција, Македонија и Албанија, кои за неа ќе треба да известуваат од локација оддалечена осум километри од местото каде што се состануваат премиерите, со кои ќе немаат директен контакт. Македонските новинари од граница до локалитетот и обратно беа водени со полициска придружба поради претходните предупредувања од грчката страна дека може да известуваат само акредитирани новинари и исклучиво од средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот
Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.
Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.
Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.
Македонија
Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија
Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.
Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.
„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.
Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.
„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.
Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.