Македонија
Физичкo обезбедување на Kамени мост и плоштад Македонија
Со поставувањето на стражарската куќарка на кејот деновиве почна да функционира физичкото обезбедување на Камени мост и градскиот плоштад
Град Скопје го воведе обезбедувањето на овој простор поради честите проблеми со уништувањата на градскиот имот, урбаната опрема, цртањето на недолични графити на јавните површини, како и поради нагрдувањето на просторот со недозволени активности. Исто така, новата илуминација на Камени мост и осветлувањето на кејот, ќе бидат дополнително заштитени.Службата за обезбедување ќе има 24 часовно работно време, перманентно во текот на годината и е опремена со средства за комуникација и надзор на просторот. За непречено и ефикасно заштитување на просторот обезбедувањето е во постојана врска со полицијата и надлежните инспекциски органи. Град Скопје финансиски во целост го покрива организирањето на физичкото обезбедување на мостот и на плоштадот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.
Македонија
(Видео) Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции
Кандидатот за претседател Бујар Османи посака изборите да бидат слободни, фер и демократски.
„Граѓаните да излезат, масовно да гласаат, да гласаат според своето убедување, со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија. Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции – изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.