Македонија
„Свенска дагбладет“: Македонија е Гордиев јазол на ЕУ
Идната недела агендата на ЕУ се шири на сите страни и кулминира со самит на шефовите на држави или влади, кој, всушност, би можел да се претвори во вистински антиклимакс, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“, јави дописникот на МИА од Гетеборг
Таков развој не се очекуваше. Шведскиот премиер Фредрик Раинфелд во Копенхаген требаше успешно да ги започне финалните преговори, крунисувајќи го шведскиот претседавачки мандат преку репрезентирање на глобално лидерство на ЕУ во климатската политика. Но, политиката во последните неколку месеци не оставаше многу простор за оптимизам и предизвика сериозни пукнатини околу големите очекувања од климатскиот самит. Самитот на ЕУ, наместо посакуваното сјајно крунисување, сега го очекува еднолична и придушена атмосфера со понекогаш тешко сфатливи проблеми кои со години ја оптоваруваат агендата.Еден од тие проблеми, кои шведското претседателство би требало да се обиде да го реши, се однесува на Македонија.Во понеделник Македонија ќе се најде на агендата на Советот на ЕУ преку тешко сфатливи формулации. Советот ќе треба да заземе став околу препораките на Европската комисија за отпочнување на преговори за членство со Македонија. Прашањето потоа би требало да биде присутно и на самитот на ЕУ идната недела.Проблемот е, всушност, речиси 20-годишниот спор за името кој се враќа назад до историските претстави за Македонија и кралството на Александар Велики. За нив се врзуваат националистичките идентитети и симболи кои во голема мера се актуелизираат од страна на политичките лидери во Атина и Скопје. Доколку би им се верувало на најекстравагантните пропаганди, Балканот би можел да се дестабилизира од ова прашање. Од друга страна, повеќемина студени и резервирани надворешни посматрачи сметаат дека и двете страни имаат слаби основи за своите претензии за монополизирање на наследството по Александар Велики. Истовремено, сега постои историска шанса за изнаоѓање решение за овој Гордиев јазол. Односите меѓу Атина и Скопје се чини се нормализирани и новиот грчки премиер Папандреу би сакал да ја измени сликата за својата земја како постојан негатор и предизвикувач на конфликти во ЕУ и НАТО. Повеќе од кога и да било досега, Папандреу треба да ги освои симпатиите во рамките на ЕУ за да се справи со галопирачката државна финансиска криза во Грција. Како членка во еврозоната, Грција практично ризикува да западне под принудна управа за да се спречи државниот банкрот. Напоредно на тоа е важно да се спомене фактот дека Грција е и најголем примател на регионална поддршка од ЕУ-касата.Јоргос Папандреу, кој има стабилен мајоритет до 2014 г., би требало да се заложи за отворен став. Тој одвај би имал простор да стави вето доколку шведскиот премиер Раинфелд и министерот за надворешни работи Карл Билд покажат креативна способност во однос на прашањето за името. Билд и Раинфелд, пишува Свенска дагбладет, неочекувано би можеле да се запишат во историјата доколку со еден Александров замав го пресечат јазолот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата, која во следниот период имаме намера дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честита за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот што е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека се гордее на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоив повеќе од 80.000 гласа. Регистриравме субјект што постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблира на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади члена, а да освоите над 80.000 гласа. Искрено, се гордеам на секој глас што дојде како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Им порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој има 100.000 гласа помалку од Гордана Силјановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстанат централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете нѐ да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата, без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.