Македонија
Судовите уште не ги решиле кривичните дела од изборите во 2008 и 2009-та
Недоволна соработка, неефикасен и неефективен одговор на институциите, се забелешките во извештајот на невладината организација „Сите за правично судење“
Ова се однесува на кривично – правното постапување против изборните нерегуларности од предвремените парламентарни избори во 2008 и претседателските и локалните избори во 2009 г. Во однос на кривичните дела на предвремените парламентарни избори 2008 г., 16 кривични постапки против 75 лица се уште се во тек и истите траат повеќе од една година, се вели во извештајот. Клучни проблеми кај постапувањето на судовите по овие кривични дела остануваат траењето на постапките и обезбедувањето на правно релевантни докази за утврдување на вистината, предупредува невладината.Одолговлекувањето на судските постапки според нив се должи на несоодветната подготовка на главниот претрес, необезбедување на присуство на учесниците во постапката, оптовареноста на судовите и нивната недоволна екипираност.„Во доказната постапка судовите се судруваат со проблеми како што се избегнување на сведочење, менување на исказ на сведоци даден пред истажен судија и на главен претрес, неможност за обезбедување на дел од изборниот материјал како доказ и одолговлекување на вештачењата укажува на недоволната институционална координираност“ велат од невладината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.
„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.
Македонија
Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите
Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики, оти да креираше рационални политики, почнувајќи од образованието, здравството, социјалната заштита, меѓународната политика, граѓаните немаше да се чувствуваат понижени.
– Се наоѓате пред многу важен момент, да донесете клучна одлука. Како да го направите изборот? Прашајте се, прво, дали подобро живеете? Дали ви е подобра економијата? Дали ви е подобро здравството? Дали ви е подобра социјалната заштита? Дали се чувствувате посигурни? Дали вие сте горди на оваа власт? Дали мислите дека власта е горда на вас? Дали мислите дека се горди на Македонија ако се плашат да го изговорат тоа име? Дали мислите дека се горди на сите кои гинеле за Македонија ако постапуваат, не според државните и националните интереси, туку според личните и олигархиските интереси?, рече Силјановска-Давкова и додаде „дека часовникот го отчукува заминувањето на оваа делигитимирана власт и дека набрзо ќе го отчука времето на промените врзани со новата власт, како на претседателско ниво, така и на парламентарно.
Македонија
УХМР: Времето викендот променливо облачно со локален дожд
Периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд продолжува и за време на викендот. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо време со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 13 до 20 степени.
Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.