Контакт

Македонија

Либерман му дал доверливи информации на Груевски за Ал Каеда на Балканот

Објавено пред

Израелскиот вицепремиер Либерман во вторник во Ерусалим на македонскиот премиер Никола Груевски, му дал доверливи информации кои јасно покажуваат дека Балканот е следната дестинација на светскиот џихад, објави министерството за надворешни работи на Израел на својата веб страница

Израелскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Авигдор Либерман во разговорот со макеоднскиот премиер Никола Груевски на кој присуствувала и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, предупредил дека Ал Каеда и другите исламистички екстремни групи се обидуваат да воспостават бази на Балканот.Либерман своите проценки и разузнавачки информации му ги пренесол на Груевски, наведувајќи дека актуелните информации покажуваат дека регионот на Балканот е „следна дестинација“ на која Ал Каеда ќе ги организира своите операции.Израелскиот минзитер занадворешни работи не навлегивал во детали, велат од неговиот кабинет, како извор ја навел трагата на парите од муслиманските хуманитарни програми на Балканот.Шефот на израелската дипломатија побарал од Груевски да не дозволи вкоренување на екстремистите на Балканот. Либерман го информирал премиерот Груевски дека според информациите што ги поседувааат израелските безбедносни структури, јасно се покажува дека балканскиот регион е следната дестинација на глобалниот џихад, која има за цел да се воспостави инфраструктура и да регрутира соработници. Ова може да се види од обидите на муслиманскиот свет и Саудиска Арабија, добротворни организации кои префрлаат средства во држави, за оваа намена, односно за пренос на средствата во региони населени со Босанците и Албанците, стои на страницата на израелското министерство за надворешни работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Објавено пред

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет месеци државата ќе потроши 67,5 милиони денари.

„Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот Veklury (remdesivir) за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година“, соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ја разреши комисијата за проценка на штетите од невремето во Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе

Објавено пред

Владата денеска изрази несогласување со Збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди.

Владата донесе одлука членовите на Комисијата да бидат разрешени од членството во неа поради неефикасно и несоодветно решавање на предмети од суштинско значење за граѓаните и мандатот на Комисијата.

Нови членови на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди ќе бидат именувани на една од наредните седници на Владата, со обврска да достават ревидиран збирен извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сања Лукаревска се враќа на директорското место во УЈП

Објавено пред

Владата на денешната седница го разреши Фарук Омери од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи и на оваа функција ја именува Сања Лукаревска.

По верификувањето на мандатот за пратеник во август, Лукаревска ја напушти функцијата директор на Управата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.

На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука и Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Исто така, Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт3 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет3 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет4 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија4 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука6 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија6 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија7 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија7 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија8 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион8 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион9 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет9 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет9 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа10 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија18 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет21 час

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа22 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија23 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Досие