Македонија
Среќен Бадник!
Коледарските песни на децата за здравје, бериќет и плодна година уште рано наутро го симболизираа гласот на ангелите за Христовото раѓање. Обичај кој трае со поколенија. Православните христијани денеска го слават Бадник или Коледе, денот пред роденденот на Исус Христос (Божик)
„За Божик се постеше цело време. Ние децата бевме многу радосни за коледе, да го дочекаме денот, да се омрсиме. За коледе добивавме јаболка, ореви и костени, а за Божиќ имавме богата и мрсна трпеза“, ни раскажа една бабичка.Пред Соборниот храм уште една традиција. Почна пред 14 години. Откако една старица не можела да си купи бадниково гранче, неколкумина стари скопјани формираа Одбор за прослава на Бадник. Оттогаш, со песна и топла ракија, делат бадникови гранчиња.„После вечерата обавезно го палиме гранчето да изгори. Го ставаме на вратата, да се знае дека сме христијанска куќа. Масата од бадниковата вечера ја оставаме да стои, затоа што се мисли дека Исус ќе дојде да вечера, нашиот обичај е таков“, велат граѓаните.Граќаните на овој ден си посакуваат среќа, здравје и бериќет.На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.Денеска е последниот ден од 40-дневниот пост. Семејството се собира на посна, но богата вечера. Бадниковото лепче го дели домаќинот. Оној кај кого ќе падне паричката, според верувањата, ќе биде најсреќен годинава.„Сите сакаме едноставно да се собереме, да видиме каде, што. Паричката како паричка не е вредна, ама како да постои нешто“, велат граѓаните.Се верува дека Бадник е ноќта на мирот и радоста, кога будни го чекаме Христовото раѓање.Редакцијата на Форум ви посакува здравје, среќа и бериќет. Среќен Бадник!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
Стевчо им се заблагодари на сите коишто гласаа за него… поединечно
— Dimano (@dimanovski) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.