Македонија
Eлектронски систем за јавни набавки
Меѓу 20 и 40 милиони евра годишно државата ќе заштеди како резултат на имплементацијата на новиот интегриран електронски систем за јавни набавки што беше промовиран денеска во Скопје
Проектот е идеја на Бирото за јавни набавки и Министерството за финансии, а финансиската подршка ја обезбеди американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Софтверот за новиот електронски систем го изработи компанијата Сивус(Seavus).Приватните претпријатија и учесниците во јавните набавки отсега ќе можат на транспарентен и фер начин да учествуваат во истите со што ќе се исклучи влијанието на човечкиот фактор, рече министерот за финансии, Зоран Ставревски кој присуствуваше на промоцијата на новиот систем.”Станува збор за важна алатка и силен инструмент кој ќе помогне во борбата со корупцијата и бирократијата .Ова ќе ги охрабри и малите и средни претпријатија истотака рамноправно да учествуваат во делот на јавните набавки кои се важен инструмент за градење на здрава пазарна економија “, рече Ставрески и посочи дека Македонија е прва во регионот што го интегрира овој систем.Ова е дел е од проектот за создавање на е-Влада, чија цел е да се воспостави систем којшто целосно е во согласност со директивите на ЕУ и ги подржува сите форми на јавни набавки вклучувајќи ги и електронски аукции.Преку овие аукции Владата ќе може да побарува најниска цена за добрата и услугите што ги набавува, а за тоа добар пример е и минатата година кога преку нив се заштедени 1,7 милиони долари.Според министерот за финансии целта на Владата за 2010 година е преку овие аукции да се реализираат 30 отсто од јавните набавки.
На промоцијата на системот, учество зеде и амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер кој истакна дека е горд на промоцијата на системот кој е дел од проектот на УСАИД за воведување на Е-Влада.”Ова е еден од најнапредните системи за електронски набавки во светот. Ниту Владата на САД, ниту земјите од ЕУ не успееја целосно да го автоматизираат овој процес на национално ниво. Системот што се имплементира во Македонија е веќе признат на многу конференции, а соседните земји веќе пројавуваат интерес да ја следат Македонија”, истакна амбасадорот Рикер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.