Контакт

Македонија

Илми Селами нов претседател на Антикорупциска

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска на редовна седница со единствена точка на дневен ред го избра Илми Селами за претседател на комисијата

Селами беше избран со четири гласа „за“ од вкупно седум гласа, а негов противкандидат беше Зоран Додовски. „Сите во Комисијата сме свесни за предизвиците што стојат пред нас дека треба да покажеме поголема ефикасност и на тој план силите двојно ќе ги зголемиме. Не ценам дека Комисијата досега не ја вршеше добро својата работа, оти секој што работи и греши, но сметам дека секогаш работите можат да бидат сработени подобро“, изјави Селами по седницата на која беше избран за претседател на Антикорупциска.Тој рече дека ќе посвети особено внимание на оние точки што беа во Извештајот на ЕК оценети како негативни.На седницата се појавија и Мирјана Димовска и Зоран Додевски. Седницата беше свикана по барање на пет члена на Комисијата, а не како досега од претседателот на Комисијата. Скоро пет недели оваа институцијата немаше  формално назначен претседател откако на Димовска и истече мандатот.         Во меѓувреме, таа беше зафатена со интерпелацијата, а потоа престанала да се појавува на работното место од здравствени причини, по што работата на Антикорупциска беше  практично блокирана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Објавено пред

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември.

Во овој период, тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите, а регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8 проценти.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38 проценти.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.818, 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20- 29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7 проценти повеќе во споредба со минатата недела.

Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7 проценти.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 16 до 22.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Прикажи повеќе...

Македонија

Активни 20.687 случаи на коронавирус во Македонија, речиси половина се во Скопје

Објавено пред

Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се 989 случаи на зараза, 965 заразени има во Прилеп, а 940 во Куманово.

Во Скопје, по повеќе од 1.000 заразени има во Гази Баба, Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода.

Согласно последните податоци од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546.

Досега во Македонија се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за отстапки, туку за решенија меѓу двете страни.

„Постојат начини како тоа да се реши. Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија, секако внимавајќи едни на другите како страни во договорите – ние на бугарската страна, а бугарската страна да внимава на нас. Тоа го прават пријателите и верувам дека покажеме уште еднаш дека сме големи пријатели“, нагласи Заев, додавајќи дека се надева на средба со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, до вториот Совет на министри во декември.

Борисов вчера пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера изјави дека подава рака за дијалог.

„Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде посакувано и спроведено од двете страни“, изјави Борисов.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение прашува каква понуда за нов договор овие денови дал Заев до Софија и дали се нуди нова промена на Уставот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, потребно е да се изгласа декларација во Собранието, по која ќе се водат преговорите со Софија.

„Ако Заев е за зачувување на македонскиот идентитет и јазик како што формално тврди нека престане со тајните разговори, ајде да изгласаме декларација во Собранието по која ќе се водат преговорите со Бугарија. Но, Заев бега затоа што Заев ветил работи кои што сега не знае како да ги исполни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Американската амбасадорка во земјата, Кејт Мари Брнз, изрази надеж дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес“, изјави американската амбасадорка.

Според неа, билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање.

„Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот. Навистина е важно, и ние продолжуваме да комуницираме за ова во Бугарија и во Северна Македонија двете земји да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите“, изјави Брнз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет22 минути

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија32 минути

Активни 20.687 случаи на коронавирус во Македонија, речиси половина се во Скопје

Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се...

Македонија48 минути

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет1 час

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да започне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта....

Свет15 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет15 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија17 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија19 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион21 час

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа21 час

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија22 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион22 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија22 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа23 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион24 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа24 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет1 ден

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет1 ден

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Досие