Македонија
Американски дизајнери за македонски компании
На модна ревија на Универзитетот Меримаунт во сојузната држава Вирџинија минатата недела, тројца студенти-дипломци од Катедрата за мода и дизајн изложија креации што се плод на соработката со две текстилни компании од Македонија
од Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонски, Вашингтон
Компаниите шиеле пилот-модели за пласман на пазарите во Западна Европа. Преку проект на УСАИД, компаниите ИНТ и Астибо ги рашириле модните линии на американските студенти-дизајнери на европскиот пазар. Лори Брук е од корпорацијата за економски развој Карана во Арлингтон, преку која се поврзале студентите и компаниите: „Со овој проект веќе гостувавме на неколку модни недели во Германија, организиравме деловни состаноци со потенцијални купувачи во Велика Британија“Американските дизајнерки Карен Катања, Џесика Греј и Алисон Џордан се задоволни од професионалноста на македонските текстилни компании во реализирањето на нивните замисли: „Имаат одлично производство, одлично ја завршија работата со дизајнирањето на нашата линија и имаат материјалите кои ни требаа за нашиот дизајн“.„Се надевам дека ќе имам можност да стажирам летово во Македонија и да работам таму како помошник-дизајнер за модна женска линија“, вели Греј.„Бев многу задоволна кога видов како професионално го преточиле мојот дизајн во краен производ“, истакна Џордан. На Универзитетот Меримаунт има студенти од разни делови од светот. Секој од нив, се надева дека ќе успее да најде работа во една во угледните светску куќи на модата и добро да заработи со своите креации. На ревијата беше претставена и модна линија за мажи и за најмладите. Посетеноста на настанот беше најдобра потврда за можностите за соработка меѓу амбициозни дизајнери од САД и цел свет од една и македонски компании од друга страна, за поттикнување на извозот и отворање на нови работни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.