Контакт

Македонија

Во понеделник ќе се постави споменикот на Ченто

Објавено пред

Мермерниот споменик на Методиј Андонов-Ченто општината Центар ќе го постави в понеделник, на 7 јуни, во раните утрински часови

Споменикот на Ченто е висок 5 метри и ќе стои на постамент од 2,5 метри пред кафулето „Тренд“ на плоштадот Македонија.Автор на споменикот е Димитар Филиповски.

Изработен е рачно во „Галерија Пиедро Базанти“ во Италија, а вреден е речиси 800.000 евра. Постаментот за него го работеше Бетон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

MOН и граѓанските организации заеднички ќе работат на реформите во образованието

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска одржа работен состанок со претставници на над 30 граѓански организации и со нив дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.

„Граѓанските организации се и ќе продолжат да бидат наш важен партнер во сите значајни процеси во општеството, меѓу кои е и образованието. Убедена сум дека поголемиот дел од вас работат, или се вклучени во различни процеси и креирање политики за подобрување и унапредување на образованието и очекувам дека ќе најдеме простор за заедничка соработка“ , рече Царовска.

Претставниците на граѓанските организации најавија дека имаат интерес за соработка со МОН во делот на развој на инклузивно образование, реформите во образованието, вклучувањето на младите во реформите позврзани со квалитна настава и подобрување на младинскиот стандард, како и во обезбедувањето на квалитетни учебници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Објавено пред

Еден од петтемина полицајци од Велес кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци има тешки телесни повреди. Тој од синоќа е во Клиничкиот центар во Скопје, а денес го посетиле министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

„Нападнатиот полицаец има фрактура на черепот, на коските на лицето и фрактура на подлакттицата. Контактибилен е, но во тешка состојба. Ударот на полицаец е удар на државата“, рече министерот Спасовски кој очекува наскоро сите петмина повредени полицајци да закрепнат и да се вратат на обврските.

Двајца од нападнатите полицајци синоќа биле пуштени на домашно лекување, двајца се задржани во болницата во Велес, а најтешко повредениот е префрлен во Скопје.

За нападот на полицајците се приведени четворица, а идентификувани биле десетмина, но претресите продолжуваат.

Министерот Спасовски очекува брзо да постапи и Обвинителството.

Тој нагласи дека во Владата заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ ќе отворат дебата за да најдат начин да ги демотивираат напаѓачите на полициските службеници.

„Секој што ќе нападне полициски службеник ќе се соочи со законот. Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и нема да се толерира“, рече министерот Спасовски и нагласи дека досега нема случај на притворени напаѓачи на полицајци.

Според министерот, нападот на полицајците е одговор на насилниците по зачестените контроли.

Велешките полицајци биле нападнати синоќа, во атарот на селото Степанци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пахор на средба со Џафери: Патот до ЕУ не треба да го кочат неправедни условувања

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со словенечкиот претседател Борут Пахор.

Како што информираат од неговиот кабинет, Џафери изразил задоволство од одржувањето средба со државник кој доаѓа од пријателска земја и е промотор на нашите евроатлански интеграции.

Особено ја поздравил иницијативата на Пахор за Брдо-Бриони процесот и визијата за стабилизација на регионот преку регионална соработка, како чекор пред негова интеграција во Европската унија.

„Како 30. земја членка на НАТО и земја која очекува формално отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, земјата и нејзините институции се подготвени соодветно да одговорат согласно преземените договорни обврски“, заклучил Џафери.

Пахор изразил благодарност за можноста за размена на мислења и за обраќање пред пратениците во македонското Собранието, како израз на пријателство и градење сојузништва особено во тешки и непредвидливи времиња.

Тој ја поздравил државничката мудрост на претходната влада и собраниското мнозинство за надминувањето на сензитивни и тешки билатерални прашања со соседите.

„Република Словенија ќе продолжи да ве поддржува на патот кон полноправно членство во Европската унија и на тој пат не треба да постојат неправедни условувања кои ќе го кочат процесот,“ заклучил словенечкиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

(Видео) Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа2 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Европа3 часа

Четири лица прободени со нож во близина на седиштето на „Шарли Ебдо“

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“...

Македонија3 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија4 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет4 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија4 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија5 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион5 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет6 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет6 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет6 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија6 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион6 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет21 час

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ21 час

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа22 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија24 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија1 ден

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет1 ден

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Досие