Македонија
Oсомничениот за педофилија во мисија на ОБСЕ немал норвешки дипломатски пасош
Норвешкото Министерство за надворешни работи е запознато со случајот на претставникот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, кој е осомничен дека се занимавал со детска порнографија, јавува дописникот на МИА од Шведска повикувајчи се на тамошниот печат
Од Министерството во Осло потврдуваат дека осомничениот е Норвежанец, но потенцираат дека тој не е вработен во Министерството за надворешни работи и оти не располага со норвешки дипломатски пасош, пишува шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.„За сите прашања упатуваме на ОБСЕ“, изјавил шефот за комуникации при министерството3, Бјорн Јансен.За случајот од страна на македонската полиција била информирана и норвешката крим-полиција Крипос.„Запознаени сме дека станува збор за заплена на детска порнографија, но истрагата се случува во Македонија. Немаме добиено барање да се ангажираме околу ова прашање“, вели Ан Бај Сандал, шеф за информации при норвешката крим-полиција.Свенска дагбладет пишува дека во ОБСЕ сериозно се гледа на случајот и оти е во тек целосна соработка со македонските надлежни органи. Според податоци во норвешките медиуми, осомничениот се наоѓа во Норвешка.
орвежанецот, вработен во мисијата на ОБСЕ во Македонија е осомничен дека за поседување на детска порнографија во компјутерски систем. Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против триесет и осумгодишниот, кој на 16 мај ја напуштил земјава. Македонската полиција при претрес во неговиот стан, во неговиот приватен лап-топ пронашла 150 илјади гигабајти порнографски материјали, 300 видео записи со големина од 30 гига бајти во времетраење од осум часа и повеќе од 30 илјади фотографии со деца со порнографска содржина.Од досегашните направени анализи МВР го нема утврдено идентитетот а децата кои се наоѓаат на спорните снимки и слики и засега нема индиции дека се од Македонија.Од канцеларијата на ОБСЕ во Скопје во петокот изјавија дека соработуваат со надлежните органи за конечно решавање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите
Управата за јавни приходи информира дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25.04.2024 година, се продолжува за еден ден.
Според соопштението од УЈП, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ -04, ќе се смета 26.04.2024 година, имајќи ја во предвид владината одлука со која 24.04.2024 година -среда, се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
Македонија
Гласањето на затворениците и болните се одвива без проблеми, велат од ДИК
Денес, 2.569 гласачи своето право на глас ќе може да го остварат во 31 гласачко место во ДКП, каде што се пријавиле да гласаат, а чии пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.
На гласачките места во 14 казнено-поправни установи своето гласачко право денеска ќе може да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.
До овој момент гласањето тече без проблеми. Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе може да го остварат и двајца гласачи, кои се водат како внатрешно раселени.
Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Република Северна Македонија ќе го спроведат гласањето на лица што се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани, кои се пријавиле како болни или немоќни.
Денес, 534 гласачи, кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа, ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот во кој се сместени. Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми. Државната изборна комисија досега им издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари. На сите граѓани на располагање им се и интернет-страницата на ДИК, www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“, X, „Инстаграм“, како и каналот на „Јутјуб“, каде што ќе може да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.
Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
Македонија
Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден
Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) – се неработни за сите граѓани.
„Работодавците во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние кај кои работните процеси поради својата природа не може да се прекинат“, порачаа од Инспекторатот.
За наведените денови, Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали заклучокот на техничката Влада се почитува од страна на работодавците.