Македонија
Платните налози во рацете на нотарите?
Владата подготви измени во Законот за парнична постапка, воведува прв посебен закон за вештачење и законот за процена со цел подобрување на бизнис климата, најавија денеска на заедничка прес-конференција вицепрмиерот Владимир Пешевски и министерот за правда, Михајло Маневски
Целта на измените на законите, кои треба да влезат во сообраниска седница, е поставување посоодветни законски механизми со кои ќе се обезбеди побрзо и поефикасно постапување на судовите во споровите. Имено, како што објаснија Пешевски и Маневски, со новите измени на Законот за парнична постапка се воведуваат рокови од подотовки за започнување постапка, до последната одлука на повисок суд„Со измените фокусирани сме да се скрати времетраењето на постапката пред судовите во Република Македонија,. Долгите постапки што траати со години, значително да се скратат и со тоа ќе се постигне побрзо и поефикасно остварување на правата на субјектот во постапката, што значи заштеда на време и пари”, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.
До сега, како што појасни Маневски, вештаците ги определувал судот, но тие немале никааков сертификат за извршување таква задача. Сега, со новиот закон за вештраци секој од нив ќе мора да положи изпит, што ќе го спроведе Министерството за правда, и ќе добие сертификат, па вештачењето ќе може да го извршуваат само компетентни лица.Целта на законот за процена е да овозможи идентификација и транспарентност во работата на овластените проценувачи, зголемување на нивните одговорности како и заштита на интересите на корисниците.„Од 1 јули 2010 година платните налози, кои што сега беа во судовите, најчесто платни налози за неплатени комунални услуги, ќе одат кај нотарите со што работата на судството ќе се растовари. Овие измени се од препорака на Советот на Европа, судовите да ги решаваат спорните судски предмети”, рече министерот за правда Михајло Маневски.Според Пешевски и Маневски со овие измени и олеснување на работата на корисниците ќе има мало подобрување во привлекување на странски инвестиции.
Новините ќе бидат доставени до Собранието на Македонија за нивно прифаќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.