Македонија
Партиите со реакции по вчерашниот состанок во Луксембург
СДСМ како многу лош сигнал за евроинтеграциите на Македонија го оценија исходот од вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, кога не беше одлучувано по однос на доделувањето на датум за старт на пристапни преговори на земјава со Унијата
Опозициската СДСМ побара премиерот Никола Груевски да се соочи со јавноста и да понуди излез од оваа ситуација.„Вчерашната одлука е многу лош сигнал за евроинтеграциите на Република Македонија. Затоа го повикуваме господинот премиер Никола Груевски, наместо да се фокусира на мегаломански партиски прослави и митинзи, да излезе и да соочи со јавноста, со граѓаните на Република Македонија и да им објасни како Република Македонија се најде во оваа ситуација. Да објасни на кој начин, како и кога Република Македонија ќе излезе од ситуацијата која што ја направи Груевски и владата на Никола Груевски“, изјави Цветанка Иванова, координатор на пратеничката група на СДСМ.Ермира Мехмети од владејачката ДУИ рече дека вчерашната порака од Луксембург е добро позната, јасна и која се повторува во континуитет. Според неа, решавањето на спорот со името не зависи ниту од граѓаните Албанци, ниту од партиите од албанскиот блок, туку од други фактори. Смета дека е потребно поголема вклученост на ЕУ во надминувањето на спорот.„Ние сметаме дека постои простор, доколку постои волја, тоа прашање да се разреши. Станува збор за еден процес кој е покомплициран да се реши само помеѓу двете засегнати држави . Можеби ова е момент кога би требало да се упати повик за уште поголем ангажман од страна на ЕУ и европските институции уште поактивно да се вклучат во давање помош како да се реши спорот“, рече Мехмети.Според Андреј Жерновски, пратеник од ЛДП, насилничката блокада од Грција и, како што рече анемичната македонска влада која што е незаинтересирана за европската агенда се двете причини поради кои Македонија нема да добие датум за старт на преговорите во рамките на Шпанското претседателство.„Ова не одалечува од евроинтеграциите. Сите околу нас отидоа напред. Меѓутоа, останува и понатаму да се надеваме дека ќе се вразумиме како политички фактори и дека ќе тргнеме напред“, рече Жерновски.Состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург се одржа непосредно пред Европскиот Совет, што се закажан за четврток, 17-ти јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Разликата е над 150 илјади, обработени се 75 отсто од гласовите
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека разликата е над 150 илјади во корист на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, по обработени над 75 отсто од гласовите.
Тој најави дека во 22 часот ќе има обраќање Силјановска Давкова, а во 22 и 30 ќе се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонија
Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг
Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.
„Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признам поразот на овие претседателски избори, а воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки-според мене нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.
За да признае пораз тој не дочека Државната изборна комисија да ги преброи гласовите од сите избирачки места. Се прогласи за поразен со 60 отсто обработени гласови и освоени 4997 гласа.
Според досега обработените гласови во водство е Гордана Сиљановска-Давкова со 197741 глас, повеќе од двојн помалку гласови има актуелниот претседател Стево Пендаровски за кого гласале 97592 граѓани, зад него е Бујар Османи со 81.748 гласови, Арбен Таравари со 9591 гласа, Максим Димитриевски со т42296 гласа и Билјана Ванковска-Цветковска со освоени 23..472 гласа
Македонија
Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција
Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај.
„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари.
Тој јавно се заблагодари на граѓаните за масовниот одѕив и изрази надеж дека набљудувачите нема да дозволат злоупотреби на гласовите.
„Сега веќе се знае дека на овие избори имаше многу помасовно излегување на гласање отколку претходните избори што зборува дека промените ни се приближуваат и ни доаѓаат. Ние како ВЛЕН сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега веќе промените се внатре во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и ќе се гарантира секој глас кој што е даден на демократски начин дека ќе излезе на површина“, рече Таравари.