Македонија
ИВЗ ги објави имињата на напаѓачите во Иса-бег џамијата
На официјалниот сајт на Исламската верска заедница се објавени имињата на учесниците во инцидентот пред две седмици во скопската Иса-бегова џамија
Како што пренесе Канал 5, Министерството за внатрешни работи претходно поднело кривични пријави за лицата чии имиња ги објавува и ИВЗ. Кан Метуши од агенцијата за обезбедување „Шпата“, Енвер Хоти од Црна Гора од Тутун-џамија, Исен Ахмети вработен наводно во Министерството за здравство, Бесник Ејупи вработен во Агенцијата за спорт за млади и спорт, Харун Халими, Руфет Шерифи, Хасан Бафтијари, Зулуфли Синани, Садат Шабани, Ејуп Адеми наводно кој бил шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и Себахудин Фетахоски.Пред две седмици во Иса-бег џамијата беше избркан од петочната молитва Бајрам Реџепи, а на негово место застана, како што велат од ИВЗ, протераниот оџа Рамадан Рамадани. Потоа следуваше физичкиот напад врз Главниот муфтија Ибраим Шабани, откако тој пред неколку денови го разреши имамот на познатата Иса-бег џамија, којашто е лоцирана во непосредна средина на седиштето на Исламската верска заедница во Скопје.Од ИВЗ велат дека дека Рамадани шири радикален ислам, поради тоа бил протеран како оџа. Вахабистите контролираат четири џамии во Скопје, а МВР е пасивно и покрај тоа што ни даваат вербална поддршка, вели поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, во интервју за Радио Слободна Европа. Поглаварот Реџепи вели дека ИВЗМ се обидувала да го скрие фактот дека во Македонија делуваат радикални исламисти-вахабити со надеж и убедување дека тие ќе се дистанцираат. „Тоа, за жал, не се случи, и затоа ИВЗМ отсега секогаш ќе ги именува со нивното вистинско име“, најави во средата реисот. „На почетокот тие се инволвираа во џамијата Јаја-паша, потоа преминаа во друга џамија како што е џамијата Тутун-сиз, а подоцна ја узурпираа уште една друга нова џамија која се обнови во Хајтунџик и на крајот се случи скандалозниот инцидент којшто се случи во Иса-беговата на 25.06.2010, во текот на поклонувањето на Џума намазот“, вели ефенди Реџепи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.
Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.
Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.
„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.
Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.
Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ
„Мицкоски и ДПМНЕ немаат план, ниту визија за иднината, кристално е јасно дека со нив нема членство во ЕУ.
Мицкоски и ДПМНЕ како иднина, на граѓаните им нудат враќање во минатото, во изолација, режим, неизвесност.
Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.
Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Димитар Ковачевски“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија
„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните.
Корупцијата е распространета во секоја пора на општеството. Во Македонија со СДС услугите кои треба да ги пружи државата на граѓанинот станаа мисловна именка. Лотариска среќа е ако може некој да извади пасош и лични документи, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат земјата не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред, СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен.
На врвот на листите на корупција, мизерија и немаштија сме. За 7 години колку што се на власт СДС и ДУИ ја презадолжија државата, го урнисаа системот и криминалот го направија столб на своето функционирање.
Ова не е Македонија што народот ја сака и ја заслужува. Овие избори се последна шанса за спас. Шанса во која може да се верува, избор во кој мора сите граѓани да учевствуваат. Македонија е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат.
Промените се во твои раце! Македонија повторно ќе биде твоја!“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ