Македонија
Иванов: Геноцидот во Сребреница опомена до генерациите
Сите проблеми мора да се решаваат со дијалог, да не се користи насилство и злосторства за да се остварат суетите на одредени политичари, порачаа претседателите од регионот кои присуствуваа на комеморацијата по повод 15-годишнината од воените злосторства во Сребреница
Како што информираат од Кабинетот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, геноцидот во Сребреница е потресно сведоштво и опомена до сите идни поколенија дека сите конфликти што завршуваат со вакви масакри никогаш не даваат резултати. „Мора да се дојде до решение кое ќе го смислат луѓе што размислуваат со отворен ум. До вакви геноциди на нашиот простор и до злосторства кои неможат никогаш да се простат довеле затворени умови“, рекол меѓу другото денеска во Сребреница, ПРетседателот Иванов. Денеска на 15-годишната од масакрот што српските сили од Република Српска го извршија врз повеќе од осум илјади бошњаци, кај Поточара беа погребани 775 идентификувани тела, а на овој чин меѓу другите, почит оддаде и претседателот на Србија, Борис Тадиќ, кој смета дека оваа страница од историјата не може да се затвори се’ додека не бидат осудени сите оние кои се виновни за тоа. За да можат да се смират двата народи, како што рече, треба да си подадеме рака и да продолжиме да живееме како луѓе, едни со други, како што живеевме порано. Тој изјави дека никогаш нема да се откаже од потрагата и апсењето на оние кои се виновни за злосторството.„Ова е трагедија на бошњачкиот народ, народ со кој живеевме заедно во Поранешна Југославија. Тоа е трагедија што неможе да се заборави“, рече Тадиќ. На комеморацијата присуствуваа претседавачот на претседателството на БиХ и членот на претседателството, Харис Силајџич и Жељко Комшиќ, турскиот премиер Таип Ердоган претседателот на Словачка Данило Тирк, министерот за надворешни работи на Франција Бернард Кушнер, … Во Меморијалниот споменик во Поточари близу Сребреница досега се идентификувани околу 3.500 тела, а денеска беа погребани остатоците на повеќе од 700 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.